Џенифер Анистон покажа како изгледа без фотошоп и доби 5 милиони лајкови

Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон се реши да им покаже на фановите како изгледа на едно снимање пред да настанат совршените , фотошопирани фотографии .

Анистон со оваа фотографија собра за самно неколку часа 5 милиони лајкови.

"Јас сум само девојка ... Со фризура и шминка. Со стилист. Фотограф. Тим за осветлување, вентилатор, реквизити и компјутер ... Кој сака да мислите дека таква се разбудила", напиша Џенифер за "несовршената" фотосесија.

Нејзиното искрено откривање воодушеви милиони. „Вие сте легенда“, „Само што го отворивте вашиот профил, а веќе сте експерт за Инстаграм“, „Те сакам“, ја пофалија.

Џенифер направи официјален профил на Инстаграм пред една недела и селфи со своите пријатели во серијата „Пријатели“, со што буквално го сруши Инстаграм за неколку секунди.

притисни ентер