Среде концерт рапер фрли 50 000 долари во публиката (ВИДЕО)

Еден од најпознатите рапери , Пост Малоун фрли 50 000 долари во банкноти од по еден долар во публиката на својот концерт во ноќен клуб во Мајами.

24-годишниот рапер во клубот се појави со група соработници и пријатели кои во еден момент му подадоа куфер полн со банкноти што Пост започна да ги фрла . Кешот леташе низ клубот, додека „Пост“ ги изведуваше своите најголеми хитови како „Рокстар“ и „Психо“, со снимки и фотографии што ги преплавија социјалните мрежи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

| @postmalone on #E11EVENSOUND 🔈 #11Miami #SoldOut #NOSLEEP 📽 @mediamonsters

A post shared by E11EVEN MIAMI (@11miami) on

Посетителите откриле дека Пост и неговиот тим немилосрдно се забавувале по настапот и дека останале во клубот до пет часот наутро. „Тие беа премногу драги за сите“, рекоа посетителите.

„Најдобра ноќ досега“, „Сакам да се вратам“, „Забавно ми беше“, „Сè уште сум пијан од таа ноќ“, „Ова беше најдобрата претстава досега“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи, додека оние кои не беа таму се пожалија  „Колку сум љeубоморен што не бев таму“, коментираат другите.

притисни ентер