Македонката што возеше Мерцедес со 230 км/час со мало дете во автомобилот , оди во затвор

Австралијанката со македонско потекло , која и бегаше на полицијата во Мерцедес со брзина од 235 км/час , е осудена на година и пол затвор.

Минатиот ноември, 28-годишната Маргарита Томовска, позната на социјалните мрежи како „Мерцедес мама“ го возеше својот моќен мерцедес Е 63 С двапати побрзо отколку што смееше додека бегаше од полициска патрола , што се обидувала да ја запре. Пријавено е дека се движела дури и над 230 км на час. Да ги влоши работите, таа не беше сама во трката, туку заедно со нејзината тригодишна ќеркичка.

Адвокатот на обвинетата изјави дека Томовска била принудена да вози неодговорно , на што ја присилувал совозачот Кристопер Кинг. Тој додаде дека Кристопер е толку силен што на полицајците им биле потребни два комплети лисици за да го задржат при апсењето.

Судот не го прифати ова оправдување и ја осуди Маргарита на 18 месеци затвор.

"Може само да се замисли што би се случило кога би се судрила со полициското возило. Детето би летало со 150 км на час. Тешко е да се замисли поопасна полициска потера", ја коментирал судијата својата одлука.

Маргарита, инаку, е многу активна на социјалните мрежи каде често се фали со дизајнерска облека, луксузни автомобили и ексклузивни патувања. Дури и за судењето, таа се облече во колекција вредна над 10.000 американски долари.

Томовска вели дека не жали за целиот процес. Напротив, таа глумеше жртва и се обиде да собере 100.000 долари преку GoFundMe. „Знам дека не ме познавате, но не сум лоша личност“, ја започна својата приказна на GoFundMe. "Тие се лажговци и имаат нешто против мене без причина , а јас сум сигурна дека не сум единствената во ваква ситуација. Поради срамот што ми го направија, ми беа ограничени правата да ја гледам ќерка ми. “, напиша таа.

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

Пратеникот Антонио Милошоски од ДПМНЕ да не го блокира Законот за рестриктивни мерки во македонското Собрание.

Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе овој закон и да се создаде можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство.

Милошоски кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика, веднаш да го стави на дневен ред Законот за рестриктивните мерки, Мицкоски и ДПМНЕ да го поддржат и законот да биде усвоен.

Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања.

Секој чекор поблиску до ЕУ ќе значи позасилена борба против високата корупција и во иднина значително ќе влијае на намалувањето на ваквите случаи и ќе придонесе во обезбедувањето правичен правосуден систем.

Скопје, 19 март 2024

СДСМ

Сирски: Развојот на беспилотни системи е мој приоритет

 Развојот на беспилотни системи или беспилотни летала е клучен за остварување на предноста на Киев во однос на „нумерички супериорните“ руски сили, рече командантот на украинските сили Олександар Сирски.

-Развојот на беспилотни системи е мој приоритет. Бараме асиметрични решенија за да добиеме квалитативна предност во однос на бројно супериорниот противник, рече Сирски на Телеграм по средбата со заменикот Вадим Сухаревски.

Зголемената употреба на беспилотни летала од двете страни го префрла конфликтот од бојното поле кон меѓусебни напади врз воената, енергетската и транспортната инфраструктура.

Претседателот Владимир Путин, кој во неделата доби уште шест години на власт по победата на претседателските избори во Русија, рече дека московските сили имаат предност на бојното поле во Украина и вети дека ќе ја продолжат воената операција.

Како дел од воените реформи, украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди во февруари да се создаде посебен огранок на украинските вооружени сили посветен на беспилотните летала.

Воените аналитичари велат дека беспилотните летала потенцијално би можеле да и дадат на Украина технолошка предност во однос на Москва, со оглед на недостатокот на артилериски гранати и друго потрадиционално оружје. Но, руската индустрија за беспилотни летала исто така брзо се развива.

ВМРО-ДПМНЕ: Железната тупаница на СДС и ДУИ за прогон Катица Јанчева стана фабрика за рекет

Железната тупаница на СДС и ДУИ за прогон Катица Јанчева стана фабрика за рекет, уценетиот Јакимовски одработи за заташкување на случајот пред судството на СДС, но не се спаси од црната листа.

Железната тупаница на СДС и ДУИ за политички прогон врз неистомислениците Катица Јаева стана фабрика за рекет. Проектот на СДС-СЈО се претвори во најкриминалната лакрдија овие над 3 децении независност.

Ја редеа на маици СЈО, сега таа заврши на црната листа за криминал на САД.

Од друга страна неформалниот коалиционен партнер на СДС, Стевчо Јакимовски кој требаше да прави политички конфликти само за да се спаси од судските случаи кои ги отворија против него, на крај спасувајќи се од судските процеси, не се спаси од црнста листа за криминал на САД.

Овие две лица се вмешани во високата корупција во Македонија.

Нема дилеми дека СДС заедно со ДУИ е фабрика за криминал, корупција и производство на манипулации.

Сите кадри на оваа коалиција завршуваат на црнста лица на срамот и криминалот.

Од друга страна симтоматично е што за овие луѓе нема сериозни процеси затоа што власта им го амнестира криминалот.

Јасно е дека време е за промени.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер