Новиот роудстер на Тесла ќе ги надмине и бензинците (ВИДЕО)

Ако им се верува на најавите , роудстерот на Тесла ќе ги надмине и бензинските спортски болиди .

Кога прототипот беше изненадувачки претставен во 2017 година, податоците беа за неверување . Капацитет на батеријата од 200 kWh, над 400 km / h максимална брзина, спринт од 0 до 96 km / h за 1,9 секунди, сето тоа за дел од цената на класичен хиперспортер.

Говорејќи на подкастот „Возење на гром“, главниот дизајнер на „Тесла“, Франц фон Холжаусен рече дека развојот сè уште е во тек: „Сè уште се развива и трае повеќе време. Ќе биде подобро од тоа што го објавивме. Во секој поглед“.

Да потсетиме, Елон Муск порано рече дека тие работат на развој на многу нови делови за токму тој модел, но и дека автомобилот ќе добие додаток од Space X со мали потисници. Но, тоа е веќе SF за денешниот концепт на автомобили.

притисни ентер