Претставен прототип на воздушно такси како од иднината (ВИДЕО)

Германската компанија VoloPort  го претстави воздушното такси Volocopter на Светскиот конгрес на паметни транспортни системи , што се одржува во сингапурскиот Марина Беј.

Рекламиран како ,,летечко такси” , машината на електричен погон користи ротори за полетување и слетување, слично на механиката на дроновите.

На својата веб-страница, компанијата соопшти дека уредот е развиен за безбеден лет низ градовите.

Вчера VoloPort го претстави прототипот на машината, која Business Insider ја опиша како нешто што изгледа од иднината, а кое е предвидено да влезе во комерцијална употреба до 2024 година. Погледнете како изгледаше тестирањето.

притисни ентер