Холивудски актер се жени за 39 години помлада студентка

Американскиот актер Денис Квејд (65) се вери за својата 26 годишна девојка Лаура Савоа, докторантка на универзитетот во Тексас.

,,Се случи на најсеверната точка на островот Оаху во одморалиштето на желките. Беше спонтано. Вистинско изненадување“, изјави Квеид.

Запросувањет било планирано  „околу месец и пол“.

Савои  се изнанадила иако парот бил заедно со месеци.

„Таа сними селфи со нас двајцата и јас го извадив прстенот и ја прашав дали сака да се омажи за мене“, изјави Квеид за „Екстра“.

Колешката на Квеид од серијата ,, Стапицата за родители” , Елејн Хендрикс, се пошегува со сличноста на запросувањето на филм и во реалниот живот. Поточно, ликот на Квеид во филмот се впушта  во врска со  26-годишна русокоса девојка. Во филмот, свршувачката му ја  „расипаа“ близначките што ги игра Линдзи Лохан.

„Пазете се од тие близнаци“, напиша Хендрикс.

Актерката Леа Томпсон, поранешна вереница на Квеид, исто така се пошегува на негова сметка на Твитер. "(Савои) имаше 10 години кога бев верена со него. Кога бевме верени, тој имаше 30, а јас 23 години, барем така мислам", напиша Томпсон.

Томпсон и Квеид сепак не се венчаа .

Квеид бил три пати досега во брак- со Кимберли Квеид (2004 до 2018 година), Мег Рајан (1991 до 2001 година) и П. J. Солс (1978 до 1983 година).

НАСА објави видео од темната страна на Месечината, видена пред 50 години (ВИДЕО)

Многумина отсекогаш сакале да видат каква прекрасна глетка виделе астронаутите на „Аполо 13“ во 1970-тите години, кои никогаш не слетале на Месечината.

Во понеделникот, НАСА објави видео во кое се гледа што виделе астронаутите во оваа мисија. Сликата е направена од податоците на вселенското летало Lunar Reconnaissance Orbiter , лансирано во 2009 година и оттогаш орбитира околу Месечината.

Според податоците на летот, астронаутите први се нашле помеѓу зајдисонце и изгрејсонце и биле во целосна темнина осум минути, сè додека не се појавила неверојатната површина на нашиот природен сателит. Тогаш започнува видеото, јавува Си-Ен-Ен.

Астронаутите на Аполо 13, Џон Свигерт, Фред Харис и Џејмс Ловел требаше да слетаат на Месечината, но наидоа на проблеми со резервоарот за кислород. Свигерт тогаш ја кажа познатата реченица, „Хјустон, имаме проблем“. Иако мисијата не беше целосно успешна, бидејќи не се случи слетување, екипажот сепак ја обиколи Месечината и се врати безбедно на Земјата.

КРУШЕВСКИ ЧОМЛЕК

Рецепт - Крушевски чомлек

Потребни состојки: 1 кг. јунешко месо, 3 кг. кромид, 100 гр. лук, 1 лажичка шеќер, 1 шолја оцет, 10-тина суви сливи, 150 мл. црвено вино, малку масло, вода по потреба, 1 лажица црвен пипер, бибер и сол по вкус.

Постапка:

Кромидот се сече крупно, а јунешкото на поголеми парчиња.

Во земјен сад состојките се редат по следен редослед: ред кромид и лук, ред месо.

Потоа се додаваат сите зачини и сувите сливи.

Се додава: оцет, масло и вода и се пече околу 2 часа на 200 степени.

На половина од печењето состојките се полеваат со вино.

Ослабнала 50 килограми и станала Мис на Велика Британија (ФОТО)

Џен Аткинс е новата Мис на Велика Британија. Русокосата 26-годишна жена стана најубавата жена во земјата, откако изгуби неверојатни 50 килограми.

"Не можам да поверувам. Ако некој ми го кажеше ова пред три години, би помислил дека е луд", вели Аткинс, која рече дека живеела од испорака на  храна пред неколку години. Откако донела цврста одлука да го смени својот животен стил и да ја замени нездравата храна со здрава, килограмите почнаа да се топат.

Џен исто така била редовна во теретана и дека од масно ткиво може да станат мускули, и станало јасно пред две години кога ја освои наградата на локалниот избор за убавина. Таа реши да тренира уште повеќе и за две години го оствари сонот на многу девојки.

„Ништо не е невозможно со волја и напор“, им рече Џен на сите.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Less than 6 weeks until the @missgb_official finals - the 75th Anniversary final 👑 what an incredible honour to be part of such a huge event! What’s my story? Well, after years of being obese, unhealthy and uncomfortable I found motivation and managed to lose 8 stone. It transformed me into an ambitious and hard working person in all areas of my life; achieving something so incredible changed my mindset and made me realise if I worked hard enough for something, I could achieve it. Believe in yourself, put the hard work in, stay positive and make your own dreams a reality ✨ #motivation #weightloss #transformation #missgbfinalist #begreat #hardwork #misslincolnshire #beautyqueen #misconception #happiness #health #healthybodyhealthymind

A post shared by Jen Atkin (@jenatkinuk) on

притисни ентер