Првата електрична Мазда потсетува на спортскиот „RX-8“

Во исчекување на премиерата закажана за 23-ти октомври, на интернет се појави првата фотографија од електричниот концепт „MX-30“.

Фотографијата од електричната Мазда која ќе дебитира на претстојниот автомобилски саем во Токио потекнува од насловната страна на еден јапонски автомобилски магазин, а освен изгледот на возилото, откриен е и неговиот назив „MX-30 Concept“.

Дизајнот на ова возило претставува микс од купе и кросовер возило, а Мазда го зачинила со еден детаљ кој е карактеристичен за спортскиот автомобил „RX-8“.

Во прашање е скратена задна врата која се отвора во спротивен правец од предните. Како во случајот на некогашната Мазда „RX-8“, и кај оваа врата нема рачка со оглед на тоа дека прво мора да биде отворена предната.

Мазда најави дека по концептот на купувачите ќе им понуди и продукциска верзија со електромотор од 143 коњски сили и литиум-јонска батерија со капацитет од 35,5 киловат часа.

притисни ентер