Илјадници евакуирани во пожарот на градилиште на најголемиот деловен центар на Нов Зеланд (ВИДЕО)

Нема жртви или повредени во големиот пожар на градилиште на деловен центар во Окланд , Нов Зеланд , а пожарникарите со часови се борат со огнената стихија.

Алармот бил активиран околу 13 часот по локално време , а доцна вечерта пожарникарите сеуште не можеа да го зигаснат големиот пожар. Поради густиот чад, на населението му било речено да ги напушти околните згради , поради што се евакуирани неколку десетици илјади граѓани. Пожарот избувнал на покривот на конгресниот центар SkyCity, голем колку четири рагби игралишта.

„Нема извештаи за жртви“, известија од управата на SkyCity Convention Center на Твитер, додавајќи дека персоналот бил евакуиран на време.

Овој градежен проект од 452 милиони американски долари во моментов е најголемиот градежен проект во Нов Зеланд.

На местото на настанот има 23 пожарникарски екипи и се очекува да бидат зафатени цела ноќ.

Сообраќајот е блокиран и на граѓаните им се советува да се држат настрана од местото на пожарот.

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер