На древна церемонија , јапонскиот цар Нарухито и официјално седна на престолот (ВИДЕО)

На древна церемонија , 59- годишниот цар Нарухито го почна своето владеење со Јапонија , иако уште во мај седна на престолот , откако абдицира неговито татко , царот Акихито.

Церемонијата се одржа во време кога Јапонија се опоравува од последиците на тајфунот Хагибис, во кој загинаа скоро 80 ​​луѓе. Од почит кон жртвите, одложена е церемонијалната славеничка парада, јави Би-Би-Си.

Царот Нарухито (59) го зазеде престолот на хризантемата на 1 мај, ден откако неговиот татко Акихито абдицираше и се заложи за исполнување на царската должност со целосна одговорност како „симбол на државата и единството на јапонскиот народ“, со што официјално започна нова ера.

Акихито е првиот јапонски монарх кој абндицира последните  два века, а сега Нарухито е официјално крунисан на церемонијата „Сокуи не Реи“ во Империјалната палата.

„Се колнам дека ќе постапувам согласно Уставот и ќе ја исполнам мојата должност како симбол на државата и единството на народот“, рече Нарухито пред 2000 гости, вклучувајќи го и британскиот принц Чарлс.

„Искрено се надевам дека со национална мудрост и континуирани напори, Јапонија ќе продолжи да се развива и да придонесува за пријателството и мирот на меѓународната заедница, како и благосостојбата на народот“, им рече императорот на гостите од повеќе од 180 земји.

Нарухито, првиот император роден по Втората светска војна и првиот што го подигнале неговите родители самостојно, изразил благодарност до неговите родители за работата што ја вршеле три децении.

Јавната парада по повод неговото крунисување е одложена за следниот месец, така што владата има доволно време да ги санира последиците од разорниот тајфун Хагибис, кој што ја погоди Јапонија пред 10 дена.

притисни ентер