СДСМ: Мицкоски да ги врати парите кај граѓаните од бизнисот со хидроцентралите

Бидејќи Мицкоски доби 33 илјади квадратни метри државно земјиште од Владата на Груевски за бизнисот со хидроцентрали треба да ги врати парите назад кај граѓаните

Бидејќи доби 33 илјади метри квадратни државно земјиште од Владата на Никола Груевски, за бизнисот со хидроцентрали, конзорциумот во којшто учествуваше, Христијан Хидро Мицкоски треба да каже колку пари заработи низ годините и сите да ги врати назад кај граѓаните.

Зошто не излезе Мицкоски и да каже колку пари заработи? Колку се збогати за овие години со помош на одлуките на Владата на Никола Груевски?

Граѓаните знаат дека Мицкоски му беше советник за енергетика токму на Груевски, за што и ДКСК има отворено предмет за неговите хидроцентрали.

ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол за наместени тендери, заткулисни игри и криминали нема никаков кредибилитет да зборува за приватни бизниси после 11 години правење бизнис од државата.

Претседателот Заев нема удел во ниту една компанија, лагите на ВМРО-ДПМНЕ се провидни.

Ниту една споредба со работата на приватни компании сопственост на членови на семејството на претседателот Заев не држат воопшто.

Фирмите работат законски и дополнително немаат добиено ниту денар буџетски средства, не учествуваат на ниту еден тендер и не добиваат пари од државата.

Фото: Финска пивара направи НАТО пиво

Во екот на одлуката на Финска да стави крај на децениската неутралност и да бара членство во НАТО, една пивара одлучила да продава пиво со ознака на НАТО.

Сепак, дел од финската јавност не го поздрави потегот на пиварата и колку и да се за влез на нивната земја во Алијансата, сметаат дека во случајот со пивото се работи за промоција на алкохолизам, што не треба да биде случај.

Од друга страна, од пиварницата „Олаф Брувинг“ објаснуваат дека досега не се мешале во политиката, а сега повеќето Финци се за влез во НАТО, изјавил за медиумите извршниот директор на компанијата.

„Затоа се решивме на овој чекор, иако всушност не требаше толку многу „одлучување“, едноставно само го направивме“, рече тој.

Лименката „НАТО пиво“ е сина, а на неа има витез, кој на градите го има симболот на НАТО. Пивото се вика ОТАН, што е француски изговор на зборот НАТО

Од пиварата велат дека веќе добиле голем број нарачки за „НАТО пиво“.

Ковачевски:Апел за брзо прифаќање на историското зголемување од 15% на платите во образованиетo

​Вечерва на својот Фејсбук профил, претседателот на Владата Димитар Ковачевски упати апел до СОНК за итно, брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност.

Во продолжение ви го испраќаме статусот во целост.

„Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15%, почнувајќи од септемвриската плата.

Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.

До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.

Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција.

Апелирам до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност. Да може институциите да продолжат со конкретни активности за спроведување на овој историски раст на платите во образованието."

Бајден им оддаде почит на жртвите на расистичкиот масакр во Бафало

Американскиот претседател Џо Бајден денеска остро го осуди „отровот" на белиот супрематизам и сите оние кои го шират, по расистичкиот масакр од саботата во кој беа убиени десет луѓе во Бафало.

Во овој град во американската сојузна држава Њујорк, каде што еден млад човек, застапник на теориите на заговор, како онаа за „големата замена на населението", во саботата изврши масакр со автоматска пушка, американскиот претседател денеска зборуваше за „терористички акт".

Спомнувајќи ја оваа расистичка теза за „големата замена" на населението, Бајден, видливо потресен, кажа : „Ги повикувам сите Американци да ја отфрлат оваа лага и да ги осудат сите оние кои ја шират за да освојат власт, гласови, пари".

-Оние кои велат дека ја сакаат Америка, поттикнуваат омраза и страв, додаде 79-годишниот демократски претседател, без да открие имиња или партиска припадност.

„Тој отров, тоа насилство не смее да биде историјата на нашето време", посочи тој, бидејќи во последните години се случија серија масакри во САД, во кои жртви беа црнци, Евреи и луѓе со шпанско потекло.

Претседателот денеска од Бафало уште еднаш повика на регулирање на носењето огнено оружје.

-Не сум наивен. Знам дека трагедијата ќе се повтори (…) Но, има некои работи што можеме да ги направиме. Можеме да го забраниме автоматското оружје на нашите улици, рече тој.

Тој долго време го повикува Конгресот да го забрани автоматското оружје, како она што беше употребено во неделата. Но, овој негов став отсекогаш наидувал на противење од републиканците кои одбиваат каква било регулатива за ова прашање. /МИА

притисни ентер