Автобусите на ЈСП утре ќе сообраќаат по неделен возен ред

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје" утре ќе сообраќаат по неделен возен ред поради  државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

ЈСП соопшти и дека утре дежурни ќе бидат три билетарници – Транспортен центар и Зелено пазарче ќе работат од 7 до 19.30 часот, а работното време на билетарницата Ѓорче Петров ќе биде од 7 до 13 часот.

Загина полицаец во Пиреја- се урна зграда, повредени се три лица

Еден човек загинал, а тројца се повредени кога утрово при реновирање се урна просторија од стара зграда во кварт на грчкото пристаниште Пиреја.

Според првичните податоци, жртвата е 31-годишен полицаец кој бил заробен во товарен камион и згмечен од градежен материјал.

Несреќата се случила во двокатница во улицата Неорион во Пасалимани при реновирање на зградата, пренесува Катимерини.

Тим од 24 пожарникари и спасувачката единица за одговор при катастрофи (ЕМАК) се уште се обидуваат да утврдат дали повеќе луѓе се затрупани во урнатините. Полицијата привела пет работници, изведувачот и возач на камион.

НБА ѕвездата Блејк Грифин ја заврши кариерата

Легендарниот американски кошаркар Блејк Грифин реши да стави крај на кариерата по 13 сезони во НБА!

Грифин својата одлука ја објави преку социјалните мрежи, а сезоната 2022/23 му беше последна. Тогаш беше член на Бостон Селтикс и одигра вкупно 41 натпревар на кои имаше просек од 4,1 поен и 3,8 скока.

Грифин никогаш не освои НБА прстен, а во текот на кариерата играше за Лос Анџелес Клиперс, Детроит, Бруклин и гореспоменатите Селтикс. Ќе остане запаметено и дека победи на натпреварот во забивање во 2011 година.

Иако втората половина од кариерата на Грифин беше бледа во споредба со првата, пред сѐ поради повреди, тој на крајот постигна голем успех во целина. На 765 натпревари во првенствениот дел од сезоната забележа просек од 19 поени, осум скока и четири асистенции.

Хамас го отфрли предлогот за договор со заложниците

Палестинското движење Хамас ги отфрли сите клаузули од последниот нацрт-договор за заложниците, зголемувајќи го бројот на палестински затвореници што Израел мора да ги ослободи како дел од договорот, објави израелскиот весник „Тајмс оф Израел“.

Весникот наведува дека Хамас е подготвен да ослободи само 20 заложници, жени и мажи постари од 50 години, како дел од првата фаза од договорот.

Исто така, Хамас бара Израел да се согласи на шестнеделно примирје пред да ги ослободи заложниците.

„Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар, не сака договор. Нему воопшто не му е грижа дали народот во Газа продолжува да страда, дури и во услови на голема израелска флексибилност за сите параметри на американскиот предлог. “, рече неименуваниот функционер.

Како што претходно објави Си-Ен-Ен, Израел се согласил со американскиот предлог за размена на заробеници и заложници, со што ќе бидат ослободени околу 700 палестински затвореници, вклучително и 100 на издржување доживотни затворски казни за убиство на Израелци, во замена за 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Газа.

притисни ентер