Промотивна планинарска тура в недела на падините на Галичица

 Во организација на Алпинистичкиот клуб „Патагонија" и Општина Охрид во недела ќе се одржи првото промотивно издание на планинската тура „Ohrid Outdoor Festival", со излет на планината Галичица .

Целта на фестивалот е заедничко дружење и уживање во убавините на Охрид и планината Галичица, возејќи велосипед или искачувајќи го врвот со најубав поглед кон двете езера.

Планинарска тура е предвидено да стартува во 8:30 часот од спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори" со обезбеден бесплатен автобуски превоз до превојот „Баба" и пешачење до врвот „Лако сигној" на 1.981 метри надморска височина, а во исто време од истото место стартува и велосипедска тура по падините на Петрино и Галичица преку Велестово, сртовите Крстец и Асанѓура.

По завршување на турите во 14:30 часот за учесници и за сите присутни во Охрид ќе биде организирана забава крај брегот на езерото, кај Центарот за обука на вода на АРМ.

За безбедноста на учесниците за време на бесплатните тури ќе се грижат тимови од Планинската спасителна служба при Црвениот крст од Охрид, со професионални водичи во планина.

Заинтересираните учесници треба да поседуваат лична опрема за планина, соодветна на временските услови, а учеството може да го пријават на patagonia.ohrid@gmail.com, со назнака за велосипедска или планинарска тура.

Драстична промена: Тања Савиќ стана русокоса

Пеачката Тања Савиќ од почетокот на својата кариера не експериментираше многу со својот изглед.

Таа е препознатлива по својата црна коса, меѓутоа пеачката на социјалните мрежи покажа каква промена направила.

-Драги мои, сакам да ја најавам долго очекуваната песна. Доаѓа песна која ќе го растопи и најтврдото срце. Спотот само што не е завршен, до тогаш уживајте во фотографиите. Очекувајте нешто сосема поинакво од она што до сега сум го работела, порача Тања.

Нејзините фанови се воодушевени од новиот изглед.

Фото: Северина има иста чанта како Меган Маркл

Северина овој викенд објави фотографии од Монте Карло каде што отпатувала со својот сопруг Игор.

Хрватската пеачка изненади многумина со својот стајлинг на последните фотографии.

На фотографиите се гледа скапоцена кожна чанта од уругвајската дизајнерка Габриела Хеарс  каква што има и војводката Меган.

Оваа чанта чини околу 1800 евра.

Јагуар претстави седишта кои симулираат одење

Голем број на возачи по долго патување чувствуваат болка во лумбалниот дел од рбетот и рамената.

Експертите советуваат почести паузи за време на подолгите патувања, за да се избегнат воспалувања и повреди кои настануваат поради неудобно седење.

Конструкторите од компанијата Јагуар осмислија нов тип на автомобилско седиште. Иновативниот производ симулира движења  слични на оние кои настануваат кога одиме.

Седиштето моментално се тестира во одделна компанија задолжена за производство на ентериер на возила.

За време на возењето ова седиште се помрднува и создава вибрации кои симулираат чекорење. Со тоа се намалува здравствениот ризик од долго седење зад воланот. Седиштето се прилагодува на анатомијата на телото на секој возач и патник.

Според податоците од Светската здравствена организација, повеќе од една четвртина од луѓето на планетата поминуваат премногу време во седечка положба. Тоа предизвикува сериозни оштетувања на мускулите на нозете, деформирање на колковите и рбетот. Професионалните возачи се посебно загрозени, затоа што работниот ден го проаѓаат зад волан во подолги временски интервали.

Компанијата Јагуар со своите иновации сака да го унапреди здравјето на своите купувачи.

притисни ентер