Две прикажувања на „Медена земја" денеска во Крива Паланка

Во Националната установа Центар за кулутра – Крива Паланка денеска во два термини, од 11 часот и од 17 часот се прикажува документарецот „Медена земја", годинашниот македонски кандидат за најпрестижната филмска награда „Оскар".

Мира Ѓоргиевска, директорка на НУЦК – Крива Паланка итакна дека интересот на јавноста за овој филм е голем.

– Интересот на публиката за овој филм, кој наиде на исклучително позитивни критики на светската филмска јавност е голем, за време на прикажувањето во септември салата беше преполна, така што ние како установа овозможивме повторно прикажување на филмот. Мора да нагласам, интересот на граѓаните е повторно на задоволително ниво, и сите кои не можат да го проследат во претпладневнито термин, може да го погледнат попладнево, во 17 часот, изјави Мира Ѓоргиевска, директорка на НУЦК, Крива Паланка.

Најнаградуваниот македонски документарец „Медена земја" со победа во три категории на почетокот на годинава триумфираше на престижниот филмски фестивал „Санденс". „Медена земја" (Honeyland) е и во трка за најдобар документарец на Европските филмски награди.

Филмот е атрактивна приказна за правилото за баланс со природата по кое се води главната хероина Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.

Цената на влезниците е по симболична сума од 50 денари./МИА

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер