Трамп не сака да остави ниту еден војник во Сирија, ќе ги премести во други држави

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака да остави ниту еден војник во Сирија и дека американските војници ќе бидат распоредувани во други држави пред да се вратат дома.

На денешниот состанок на неговиот кабинет во Белата куќа, Трамп рече дека се чини дека се придржува до договорената петдневна пауза во турската офанзива против курдските борци и покрај повремените престрелки.

Турција започна офанзива во северо-источна Сирија откако Трамп пред две недели објави дека ги повлекува американските трупи од областа.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер во саботата изјави дека се очекува војниците да бидат преместени во западен Ирак за да продолжат со борбата против таканаречената џихадистичка група Исламска држава (ИС) и да „помогнат во одбраната на Ирак“.

Ројтерс денес објави дека повеќе од 100 возила, 30 приколки и хамери со тешка опрема и војници влегле во Ирак од Сирија преку граничниот премин Сахел во северната провинција Дохук.

Мал број американски војници ќе останат во областа за да ја обезбедат нафтата, како и во еден сосема друг сектор на Сирија во близина на Јордан и во близина на Израел, рече Трамп на состанокот, додавајќи: „На крајот ќе ги донесеме дома“.

Американските конгресмени, меѓу нив републиканците на Трамп, го критикуваа повлекувањето на САД од Сирија како предавство кон Курдите, долгогодишни сојузници на САД во војната против Исламската држава.

Во четвртокот, Турција преговараше со американскиот потпретседател Мајк Пенс за прекин на петдневната офанзива во северо-источна Сирија за да им овозможи на курдските борци да се повлечат од „безбедната зона“ што Анкара има намера да ја воспостави покрај границата со Сирија.

Во карантин македонски државјани кои дошле од Авганистан, дел од нив позитивни на Ковид-19

Македонски државјани кои пристигнале од Авганистан се сместени во карантин бидејќи меѓу нив имало позитивни лица на Ковид 19, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

– Македонски државјани се пристигнати од Авганистан. По добиени информации дел од нив се позитивни. Поради безбедност на граѓаните, во консултација со Комисијата за заразни болести и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вечерва ќе бидат во карантин, а утре епидемиолог ќе одлучи што понатаму, наведоа од Министерството за здравство. /МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

притисни ентер