Нетанјаху се откажа од формирањето нова израелска влада

Израелскиот премиер и лидер на владејачката партија Ликуд , Бенјамин Нетанјаху се откажа од формирање нова влада на Израел.

Шансата за формирањее влда му припадна на неговиот политички противник , центристичкиот генерал Бени Ганц.

Нетанјаху, кој е премиер на Израел од 2009 година, рече дека не успеал да формира влада и дека ќе му го врати мандатот на израелскиот претседател Реувен Ривлин.

Ривлин изјави дека има намера да му го предаде мандатот за формирање влада на Ганц, лидерот на партијата Сино-бели (Кахол Лаван).

„Во последните неколку недели, дадов се од себе за да го доведам Бени Ганц на преговарачката маса, да формираме влада за национално единство и да избегнеме нови избори“, изјави  Нетанјаху.

Ганц нема лесно да обезбеди мнозинство и доколку не успее, најверојатни се нови парламентарни избори, трети по ред од април годинава.

Партијата на Ганц соопшти дека е „решена да формира влада на либерално единство“.

Досегашниот премиер изгуби дел од поддршката, поради обвиненијата за корупција кои Нетанјаху ги негираше.

Ганц, поранешен началник на канцеларијата на израелската војска, вети дека нема да учествува во работата на владата чиј премиер се соочува со обвиненија.

Ликуд освои 32 места во Кнесетот на изборите во септември, од вкупно 120, а партијата на Ганц 33.

Срби меѓу киднапираните на брод нападнат од пирати во близина на Гвинеја

Морнари меѓу кои  и српски државјани, биле киднапирани крај брегот на Гвинејскиот Залив, соопштија властите на Екваторијална Гвинеја.

Според АП, седум морнари биле киднапирани од пирати во средата додека работеле на брод на американска компанија Ексон Мобил. На бродот имало вкупно 15 членови на екипажот, од кои осум се спасени.

Покрај Србите, киднапирани се и морнари од Јужна Африка, Филипини и Камерун.

Бродот бил нападнат на пат кон Луба, пристанишен град на островот Биоко. Претходно бродот бил натоварен на нафтеното поле Зафиро, на 12 морски милји од брегот.

Сè уште нема детали за киднаперите и мотивите за нападот.

Манчевски од Валандово: Време е да се направи ветинг во судството, оние кои го спорведуваат законот, мора да го почитуваат

Време е конечно да се направи ветинг во судството, бидејќи има луѓе во судството кои навистина професионално работат, но има и такви за кои навистина треба да минат низ процес на ветинг.

Ова гопорача потпретседателот Дамјан Манчевски на вечерашната трибина На прав пат во Валандово.

Се обидувавме да го направиме и порано ветингот, но рековме да дадеме шанса законите да функционираат, системот да функционира. Но сите гледаме дека тоа не го бидува и мораме не само кај судиите туку целиот сектор да се проветри, да направиме сериозен ветинг. Време е луѓето кои го спроведуваат законот, да гипочитуваат законите и ова е нашето ветување: Веднаш по победата на 12 април, ќе го спроведеме ветингот на дело, порача потпретседателот Манчевски.

Караванот граѓански трибини „На прав пат" вечерва е со граѓаните на Валандово. Масовното присуство на валандовчани е потврда за исправноста на политиките на СДСМ и покажува дека граѓаните сакаат да продолжат по вистинскиот, по правиот пат, се наведува во партиското соопштение.

Џафери: Да стигнеме на целта заедно , како народи , како држави , како регион

Претседателот на Собранието Талат Џафери вечерва се обрати на на свечената академија по повод Денот на албанската азбука во МНТ.

,,Дозволете ми да го изразам задоволството што го имам денес, кога ја славиме 111-годишнината од Битолскиот конгрес и унифицирањето на албанската азбука, да ве поздравам во својство на претседател на Собранието и во име на моите колеги пратеници да ја искористам оваа можност да го честитам најважниот ден во историјата на политичкиот и културниот развој на Албанците, бидејќи одлуките од овој конгрес претставуваат еден од столбовите што помогнаа во издигнувањето за едно скалило повисоко на албанската култура и образование, но и понатамошното консолидирање во насока на развојот и напредокот на Албанците, со јасно избирање на ориентацијата и насоката што ќе ја следат во иднина. И овој чекор, колку и да изгледа скромен за старите светски цивилизации, сепак претставува придонес и во целокупниот развој на човештвото.

Секако дека овој интелектуален подем на Албанците се заснова врз темелите што ги поставија албанските интелектуалци и преродбениците од Здружението „Башкими“ собрани од сите страни на светот во Битола на Кирјази, чија што волја и визија и посветеност резултираше со најскапоцениот производ за животот и светлата иднина на еден народ, односно со унифицирана азбука која стана средство за писмена комуникација меѓу сите Албанци, но и стандардизиран јазик кој што е преведен и продолжува да се преведува на сите светски јазици. Со ова, продолжува животниот век на еден народ, односно неговата вредност и тежина. Затоа што, еден јазик е толку богат, толку вреден колку што се говори, пишува, збогатува и шири низ светот. Тоа е моќно оружје во интелектуалното, културното, уметничкото но над се, идентитетски знак на еден народ или како што рекол англискиот поет Семјуел Тејлор Колериџ „Јазикот е оружје на човечкиот ум, и во исто време содржи трофеи од своето минато и оружје за нејзините идни походи.“ И навистина, јазикот обединува луѓе, обединува идеи и овозможува соработка и се разбира напредок и развој. И во оваа прилика, сакам да изразам искрена благодарност кон сите сограѓани и претставници на домашните институции кои со своето присуство тука, меѓутоа и со сето свое институционално делување, покажуваат јасно дека само граѓанските општества со граѓани кои  уживаат права меѓутоа исто така имаат и исти обврски, можат да бидат моторот кој што ја води напред нашата држава и целиот регион на Западен Балкан кој што одамна е определен за градење на општества со прифатени универзални вредности за правата и слободите на човекот. 

Кога зборувам за издигнувањето и развојот, мислам на многуте вредности и всушност институциите кои сега го живеат полнолетството меѓутоа и оние кои се на зачетокот, како што е Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, на чие што раководство сакам да му честитам за нивната неуморна работа и за вредниот придонес што тие го даваат во насока на збогатување на културното и историското наследство на Албанците во овој дел на Балканот, чувајќи ги, негувајќи ги и промовирајќи ги вредностите од минатото и вредностите што ќе се создадат во иднина во насока на проширување на хоризонтот на делување. За поздравување е обемот и разновидноста на активностите што ги развива овој институт, се разбира секогаш во соработка со локалните институти, организации и академски институции од земјата и од странство, но над сè, научната и академската работа што трудољубиво се спроведува. Во иста линија е и основањето, консолидирањето и се надеваме набрзо и првите резултати од Агенцијата за примена на јазикот што се основаше пред една година. Почитувани, дозволете да го делам со вас чувството на гордост што го чувствувам во однос на востановувањето на Државната награда „22 Ноември“ за признание кон луѓето од политичкиот, културниот и социјалниот живот во Македонија, кои придонеле во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и взаемното разбирање помеѓу припадниците на различните заедници, култури и религии во земјата и што оваа година, оваа награда оди во рацете на почитуваниот научник, историчар и хуманист Давид Хосафлок и на просветните ветерани, Кимете и Аднан Агаи.

Минатата година, кога прославувавме 110 години на Денот на Азбуката, кога говорев за новата реалност, мислев на новиот политички контекст во кој што се наоѓавме како регион тогаш и сега, кога правам споредба со актуелниот контекст, можам да кажам дека Република Северна Македонија е речиси внатре во НАТО, таму каде што Република Албанија сега веќе одбележува полни десет години членство и набрзо ќе бидеме партнери и во оваа димензија на соработка, додека пак што се однесува на нашето заедничко патување во постигнувањето на нашите интеграциски аспирации во европското семејство, за жал наидуваме на пречка која и после целиот наш ангажман и искрена посветеност, повторно не зависи од нас и ние не можеме значително во менување на истата. Меѓутоа, секако продолжуваме со истиот ритам на правење на реформи, со подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и над се, со создавање на поволни услови за нашите млади,  за овозможување на отворање на нивните крила и поттикнување на нивните творечки, научни афинитети и над се, отворање на бескрајните хоризонти на производство на опипливи човечки вредности за нивниот потенцијал, нивниот придонес за општеството, за државата и регионот биде виден, ценет и да се ужива од страна на сите. Затоа што, како што реков и тогаш, времињата се менуваат, дискурсот се менува меѓутоа, битно е една работа да биде иста и заедничка, а тоа е целта каде сакаме да стигнеме, и тоа да стигнеме заедно, како народ, како држави, како регион.

Честит 22 Ноември!

притисни ентер