Во Задар брутално претепани американски геј војници (ВИДЕО)

Американските војници едвај извлекле жива глава од ноќниот клуб во Задар , каде биле претепани од поголема група мажи , додека тверкале на подиумот.

Двајца војници на американските воени сили беа брутално претепани во саботата навечер во ноќниот клуб ,,Опера” во Задар. Војниците кои дошле во Задар на годишен одмор од Вирџинија и Џорџија биле нападнати по „тверкањето“ во клубот каде отворено покажале дека се геј, пренесува Задарски.хр.

Во нападот поголема група мажи едвај  спасиле жива глава, по што завршиле во Општата болница, каде им била укажана лекарска помош заради крвавите глави, модринки и набиеници.

„Минатата вечер буквално доживеавме еден од најлошите моменти во животот. Група од осум до десет хрватски мажи нè нападнаа во клубот. Никогаш не сум се чувствувал толку беспомошно во животот. Се чинеше дека тие немаа намера да нè остават живи “, изјави шокираниот 24-годишен војник, кој го сподели своето прво вакво искуство на социјалните мрежи, каде што доби поддршка од пријатели од неговата единица, како и познаници и пријатели што ги има ширум светот.

Задарската полиција ни потврди дека ноќта во саботата навечер во ноќниот клуб Опера во Задар , се случил инцидент во кој двајца американски државјани на возраст од 25 и 24 години биле претепани. Нападот се случил околу 3:10 часот.

Во нападот на двајца американски војници биле вклучени неколку неидентификувани лица кои им нанеле помали повреди удирајќи ги со раце и нозе.

Првата полициска станица работи интензивно за да се утврди идентитетот на напаѓачите и причините. Засега напаѓачите се бараат за нарушување на јавниот ред и мир, што е во доменот на прекршоците, но истрагата ќе покаже дали имало елементи на криминал од омраза или криминал при физичкиот напад врз геј војници со темна кожа.

„Патувањето што започна толку убаво заврши на толку ужасен начин, но благодарен сум што јас и мојот пријател сме живи! Имаме неколку џумки и модринки, но ќе бидеме добри! “, изјави 24-годишникот од Дорон, Џорџија.

Неговиот пријател, 25-годишник од Ричмонд, Вирџинија, ја споделил на социјалните мрежи истата приказна од болницата во Задар, каде што двајцата биле придружувани од полицијата. Војниците вчера заминале во базата во Франкфурт , Германија , а хрватската полиција денеска објави соопштение за случајот , без да ги наведе деталите за нападот.

Дел од медиумите објавија и видео на кое се гледа како војниците тверкаат и по улиците на Задар , пред да влезат во ноќниот клуб. 

притисни ентер