Астон Мартин им подготви ,,играчки” oд 6 милиони фунти на колекционерите (ФОТО)

Кога станува збор за Астон Мартин , повеќето очекуваат да се појави најавениот СУВ , но се појавија интересни ,,играчки” за колекционерите .

Станува збор за нови автомобили од линијата Загато, поточно од DBS GT Zagato со 5.2.V12 мотор. Освен моторот од 760 КС , интересен е и карбонцкиот дел на екстериерот во уникатна Супернова црвена боја , како и деталите во златно –црна комбинација.

Со помош на 3Д технологија за печатење метали се подобрени внатрешните елементи. Покрај тоа што е прва ваква апликација во автомобилската индустрија, биле потребни речиси 100 часа за печатење на одделни делови, но сепак е потребно дополнително рачно рафинирање за да се подготви површината.

Но, доколку не се направени од злато, Aston Q ќе понуди алуминиум и јаглерод како замена и избор на богата палета на бои.

Затоа, цената не треба да изненадува никого. Понудата доаѓа исклучиво во парови наречена DBZ Centenary Collection, каде се понудени само 19 комплети и цената е 6 милиони фунти.

Само за најбогатите : Ламборџини јахта со два моќни мотори (ФОТО)

Производителите на ексклузивни автомобили одамна ја преминаа копнената граница, а најновиот пример доаѓа од Ламборџини.

По Астон Мартин, Лексус, Мерцедес и Порше, кои во последните години понудија свој вид за идеален брод, и Ламборџини влезе во избраната група. Се разбира, тие не решија да измислат топла вода, туку се здружија со домашни бродоградители за да развијат ексклузивен брод.

Италија, како најголема расадник за идеи во наутиката, има широк спектар на компании подготвени да соработуваат со Ламборџини. Изборот падна на италијанската Техномар, која направи одлична работа.

Како и да е, Lamborghini 63 го напојуваат V12 мотори. Има два такви мотора, секој со моќност од 2000 КС, но со потпис на МАН. Ова е исто така најбрзиот брод од Tecnomar затоа што може да оди до 60 јазли. Да потсетиме, зборуваме за јахта долга 63 метри.

Остри рабови, карактеристични лесни линии и кокпит - сите се во врска со автомобилите Ламборџини. И две работи се исти како во автомобилот. Воланот и копчето за стартување за секој мотор.

Првите примерoци на бродот ќе бидат изградени до крајот на годината, така што нема да можеме да ги видиме на море до следната година.

Заев: ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција за да си ја обнови партијата

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска од Ваташа најави дека за десет дена ќе биде објавен тендер за изградба на патот Градско – Прилеп.

Ќе се избере, рече Заев, нова компанија која ќе ја продолжи делницата, проект што се реализира со Европската банка за обнова и развој.

-Сето тоа што било направено со патот во минатото заради пусти провизии, доведе до катастрофални решенија. Патот беше прекинат бидејќи постојано се правеле анекси, не се водело сметка колку државата ќе плати, а оваа делница е аорта, најважна срцева артерија на целата земја, напомена Заев.

На новинарско прашање како ги коментара изјавите на Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ околу затворање на германската фабрика „Дрекслмаер" и проблемите околу изградбата на патот Градско – Прилеп, рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција за да си ја обнови партијата.

-Кавадарчани, Тиквешијата и сите се сведоци колку нашите противници се изгубени. Ние градиме сериозно, исправаме грешки, пакосни и криминални, бандитски, но верувам дека правиме само добро за нашата земја и така ќе продолжиме, додаде Заев, обвинувајќи ја опозицијата за лаги и негативна кампања.

Според него, најголемата фабрика во Република Северна Македонија која вработува повеќе од шест илјади луѓе и која во време на корона криза дава плати, најавила дека во август ќе го зголеми производството и ќе има нови вработувања.

По 19 години брак , се разведува позната холивудска двојка: Плачеме додека ова го објавуваме

Џенифер Греј и Кларк Грег решија да го прекинат бракот.Двојката вчера ја објави веста во заедничка изјава на нивните профили на социјалните медиуми.

Актерската двојка објави дека се разделиле во јануари по 19 години. Додадоа дека секогаш ќе има семејство чии членови се сакаат, ценат и се грижат едни за други. „Неодамна донесовме тешка одлука за развод, но остануваме блиски и длабоко благодарни за животот што го споделивме и прекрасната ќерка што ја воспитавме“, пишуваат тие.

„П.С., тотално плачеме додека го објавуваме ова“.

Ѕвездата на филмот ,,Валкан танц” , 60-годишната Греј и ѕвездата на Марвел, Грег (58), се венчаа во јули 2001 година. Во декември истата година, ја добија ќерката Стела, која матурираше минатиот месец, а нејзиниот татко и честиташе на социјалните медиуми.

притисни ентер