УЕФА ја казни Србија , во ФСС не знаат зошто

Дисциплинската комисија на УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Србија со два натпревара пред празни трибини (вториот натпревар условно) поради организациски пропусти на натпреварот против Португалија (2:4).

Од УЕФА сè уште нема стигнато образложение за одлуката, но сигурно е дека само на деца до 14 години ќе им биде дозволен пристап на трибините на натпреварот на домашен терен  против Луксембург.

Таков пример веќе е виден на натпревар на Партизан во Лигата на Европа.

Само теоретски шанси има за  Србија да влезе директно во Европското првенство. Имаат уште два натпревари до крајот.

Дома им доаѓа Луксембург , а три дена подоцна ќе бидат домаќини на Украина.

Со огнен спектакл во Мадрид, навивачите на Атлетико го пречекаа Ливерпул (ВИДЕО)

Вечерва во 21:00 почна натпреварот во осмина финалето на Лигата на шампионите меѓу актуелниот европски шампион Ливерпул и домаќинот Атлетико во Мадрид на стадионот Ванда Метрополитано.

Навивачите на Ливерпул навиваа и пееја цел ден по улиците на Мадрид, а се проценува дека за овој натпревар пристигнале нешто повеќе од пет илјади.

Сепак, најголемото шоу на вечерта беше на домашните навивачи на Атлетико Мадрид, кои го пречекаа автобусот со своите играчи со спектакл од запалени факели пред да пристигнат на стадионот.

Видео: Ѓоковиќ ги воодушеви соседите, пред зграда играше тенис со децата!!

Новак Џоковиќ ја воодушеви јавноста

Тој ја воодушеви јавноста откако во понеделник навечер излегол пред зградата во која живее во Белград и заиграл тенис со децата од соседството.

По освојувањето на Австралија Опен и настапот на фестивалот Сан Ремо, Ѓоковиќ пристигнал во својот стан во Белград.

Големиот спортист и покрај многуте ангажмани не можел да остане нем на повиците од децата од соседството за партија тенис пред зграда.

Популарниот Ноле го прифатил предизвикот излегол пред зграда и со децата одиграл партија тенис во двојки.  

Секако овој меч не можел да остане не забележан од соседите.

Истата вечер Ноле направи шоу со сопругата Јелена по една театарска претстава.

Тие излегле на свет и ја запеале славната песна на групата „Идоли“, „Чоколада“.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

With our NDF team, donors and friends we celebrated giving, supporting kids and love. Novak and I were invited on stage to sing and.... we had fun! We are sharing with you our joy and love and invite you to join our community at @novakfoundation ❤️ @djokernole did well, I guess Sanremo was a majestic spring board for his music career 🥰🙈🎤🎼🎧 Večeras smo slavili ljubav, dobročiniteljstvo i mlade ljude, buduće lidere naše zemlje uz divnu predstavu u Ateljeu 212 “Brod plovi” sa našim porodicama, prijateljima i donatorima @novakfoundation . Pozvali su nas na binu i izazvali da pevamo. Novaku je dobro dosla priprema na Sanremu 🏆 a ja....pa ja prosto nemam opravdanje 🎧🙉🤣

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) on

Меси и Хамилтон ја поделија наградата ,,Спортист на годината”

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и британскиот возач на Формула 1, Луис Хамилтон ја поделија наградата Спортист на годината.

За прв пат во историјата, наградата Лореус ја делат двајца спортисти.

Исто така, Лионел Меси е првиот фудбалер на Лореус во историјата.

Аргентинецот имаше фантастична индивидуална сезона со Барселона и заслужено стана првиот фудбалер од 1999 година кој е добитник на наградата Спортист на годината.

Сепак, тој мораше да ја сподели со шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, кој е третиот возач во Формула 1 што го доби ова признание.

Пред него, оваа награда им припадна на Мајкл Шумахер и на Себастијан Фетел.

притисни ентер