Српските медиуми објавија дека Бора Чорба е болен од рак , тој веднаш демантира

Деновиве српските медиуми објавија дека Бора Ѓорѓевиќ , фронтменот ан Рибља Чорба боледува од рак на простата и дека ги прекинува настапите.

"Бора полека ќе престане со настапите поради рак на простата. Тој неодамна сфати дека е болен и има потреба од пари за лекување. Единствено решение за рак на простата е операцијата. најважно е дека сфати колку е потребно да се лекува и се надеваме дека наскоро ќе го надмине и тоа “, објавија бројни медиуми во Србија , повикувајќи се на  анонимен извор.

Набргу по ширењето на веста, Бора објави дека не е болен и е во одлична форма.

"Не сум сериозно болен, како што беше потврдено со повеќе од успешната летна турнеја во 25 градови. Свириме и пееме подобро од кога било. Веруваме дека дезинформацијата е објавена изминатите денови како обид за саботажа од некои лоши луѓе", напиша тој во објавата на Фејсбук страницата на Рибља Чорба.

Во истата објава, тој напиша дека не ги откажуваат настапите или дека бараат пари.

"Исто така, беше злонамерно напишано дека барам пари. Благодарност до сите што понудија финансиска помош, но не ми требаат пари, сите во групата се осигурани", заклучи пејачот.

притисни ентер