Нов удар за Џонсон- Пратениците не сакаат да гласаат за новиот договор за Брегзит

Претседателот на Долниот дом на британскиот парламент, Џон Беркоу соопшти дека Владата не може да бара од пратениците повторно да гласаат за договорот за Брегзит.

Ова е уште еден удар за британскиот премиер Борис Џонсон, кој има намера да ја изведе земјата од ЕУ до крајот на месецот, пишува АП.

Претставничкиот дом, со 327 гласови „за“ и 299 „против“, гласаше за законот, според кој се бара Борис Џонсон да побара од Европската унија да го пролонгира Брегзит до 31 јануари 2020 година.

Инаку, нацрт-законот за спречување на Брегзит без договор донесен од Долниот дом, ќе биде испратен на одлучување до Домот на лордовите, каде адвокатите на Брегзит подготвија повеќе од 100 амандмани за да го попречат донесувањето на законот.

Ако Домот на лордовите усвои некои од измените и дополнувањата на предложениот закон, тогаш Претставничкиот дом исто така ќе треба да одлучи.

Само откако ќе поминат сите фази , предложениот закон може да добие одобрение од кралицата и конечно да биде прогласен за закон.

Британски новинар ќе објави книга за Меган Маркл: Дознав неверојатни работи

Меган Маркл и нејзините адвокати правеле се што можат за да го саботираат пишувањето на книгата.

Принцот Хари не е единствениот кој ќе објави книга со информации за членовите на британското кралско семејство. Британскиот истражувачки новинар, биограф и писател Том Бауер вели дека неговата книга за Меган Маркл содржи „извонредни информации“, пишува „Дејли меил“.

Бауер вели дека завршил со пишувањето на книгата и дека таа би можела да биде објавена оваа есен.

- Дознав работи за неа кои се навистина неверојатни. Мислам дека перцепцијата на јавноста за неа или ќе се потврди или ќе биде полоша, но во секој случај тоа ќе биде големо изненадување – вели Бауер.

Нему му било тешко да дојде до информации, вели тој, бидејќи луѓето најчесто не сакале да зборуваат, а Меган и нејзините адвокати направиле се за да го саботираат пишувањето на книгата.

Брнабиќ: Ни се закануваат со бомби бидејќи не воведовме санкции кон Русија

Српската премиерка Ана Брнабиќ во изјави дека честите дојави за бомби претставуваат притисок од странство врз Србија бидејќи таа не воведе санкции кон Русија по инвазијата на Украина, како што тоа го направија повеќето западни земји.

„Ние сме единствената земја во Европа која не воведе санкции кон Русија и притисоците се неверојатни од ден на ден. „Овие дојави за бомби се и притисок од странство поради невоведувањето санкции кон Русија“, изјави Брнабиќ за белградските медиуми, пренесе Н1.

Фото: Финска пивара направи НАТО пиво

Во екот на одлуката на Финска да стави крај на децениската неутралност и да бара членство во НАТО, една пивара одлучила да продава пиво со ознака на НАТО.

Сепак, дел од финската јавност не го поздрави потегот на пиварата и колку и да се за влез на нивната земја во Алијансата, сметаат дека во случајот со пивото се работи за промоција на алкохолизам, што не треба да биде случај.

Од друга страна, од пиварницата „Олаф Брувинг“ објаснуваат дека досега не се мешале во политиката, а сега повеќето Финци се за влез во НАТО, изјавил за медиумите извршниот директор на компанијата.

„Затоа се решивме на овој чекор, иако всушност не требаше толку многу „одлучување“, едноставно само го направивме“, рече тој.

Лименката „НАТО пиво“ е сина, а на неа има витез, кој на градите го има симболот на НАТО. Пивото се вика ОТАН, што е француски изговор на зборот НАТО

Од пиварата велат дека веќе добиле голем број нарачки за „НАТО пиво“.

притисни ентер