Жбогар : Вие испорачавте, за жал ние повторно одложивме – потребна реформа на начин на носење одлуки во ЕУ

,,Испорачавте се што беше побарано од вас, го исполнивте вашиот дел. Но во Европската Унија одлуките за овие прашања се носат едногласно, а за жал ние повторно го одложивме ова прашање. 

,,Го разбираме разочарувањето на граѓаните и на политичарите од одлуката на Европскиот Совет во Брисел, но остануваме посветени на Северна Македонија и на регионот.

Ова во интервју за МИА го вели евроамбасадорот во земјава Самуел Жбогар, признавајќи оти треба да се извршат реформи и во самиот процес на носење одлуки внатре во самата ЕУ.

Подвлекува дека проширувањето на ЕУ кон регионот останува нивен стратешки приоритет, и тоа не е променето.

На прашањето дали во мај на Самитот во Загреб очекува земјава да добие датум, вели дека сега ЕУ треба да се воздржи од ветувања.

-Треба да се воздржиме од ветувања, бидејќи ветивме во јуни лани и во јуни 2019 и сега во октомври и сега е најдобро да се воздржиме од давање ветувања за датуми, но затоа треба да се фокусираме на правењето на вистинските промени, порача Жбогар.

Во однос на тоа дали ќе се засили руското политичко и кинеското економско влијание во регионот по француското „не" за Северна Македонија, Жбогар за МИА вели дека во ЕУ немаат ништо против земјите да имаат добри односи со други земји.

– Не сме против земјите да имаат добри односи со Руската Федерација, како и економски односи со Кина. Тоа е до самите земји да проценат какви придобивки добиваат со тоа. Убедени сме, а и добивме потврда синоќа од лидерите на сите политички партии, дека тие ја гледаат иднината на земјата во ЕУ и дека ќе сторат се за да го забрзаат процесот, потенцира Жбогар во интервјуто за МИА..

Филипче: На денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа - строгиот протокол за изборите и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека во изминатите четири месеци тој и колегите во Комисијата за заразни болести се целосно посветени да обезбедат препораки, закони и протоколи со кои ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

„Протоколите кои досега ги подготвивме за повторно отворање на бизнисите и нормализирање на животот по нови правила, се покажаа многу ефикасни. Се докажа дека со почитување на овие протоколи за лична заштита од коронавирусот, целосно е безбедно да се пазари во маркет, да се оди на работа или да се користи јавниот превоз. Тоа е едноставно нашата нова реалност и нов начин на живот“, рече министерот Филипче.

Идната седмица се одржуваат предвремените парламентарни избори. Министерството за здравство, во соработка со другите институции, изготви сигурен и ефикасен пртокол за заштита на здравјето на граѓаните при гласање.

„Сакам од мое лично име и од името на комисијата, да ве уверам дека на денот на изборите ќе биде сосема безбедно да се гласа и со тоа да го остварите вашето граѓанско право. Гласањето нема да биде помалку безбедно од било која друга нормална активност која ја вршиме секојдневно, како одењето во маркет. Строгиот протокол и негова целосна имплементација се наша должност и одговорност, и се обврзуваме на граѓаните да им обезбедиме сигурна средина во која ќе може да гласаат“, потенцираше министерот Филипче.

Со почит,

Одделение за односи со јавноста

Министерство за здравство

Зголемено нивото на Вардар кај Демир Капија и на Дојранскот Езеро

Зголемено ниво во однос на јулскиот просек има реката Вардар кај Демир Капија, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Кај останатите реки во државава се бележи ниво под просекот. Зголемено ниво е регистрирано и на Дојранското Езеро./МИА

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска информираа дека товарното возило се движело по земјен пат од село Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци.

Синоќа во 23:40 часот во атар на село Стојаково полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција – Југ при Бирото за јавна безбедност забележале товарно возило „даф" со скопски регистарски ознаки, во кое пронашле 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан.

Од МВР денеска информираа дека товарното возило се движело по земјен пат од село Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци.

– Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица, стои во соопштението од МВР.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава./МИА

притисни ентер