Вајгл: ЕУ ја измами Северна Македонија

Неотворањето на пристапните преговори со Северна Македонија е катастрофална одлука што го поткопува кредибилитетот на ЕУ и нејзините институции кај сите земји со кандидатски статус, оцени Иво Вајгл.

Иво Вајгл е поранешен словенечи пратеник во Европскиот парламент и известувач за земјава во периодот од 2014 до 2019 година.

Во интервју за Еуропијан Вестерн Балканс, Вајгл силно го критикува неуспехот на Европскиот совет да и даде датум за отпочнување на пристапните преговори на Македонија.

– Би рекол дека ова едноставно е измама. Ова не е прифатливо за која било земја дури и за Франција, да блокира ваква работа против желбите на сите, дури и ја засрамува Европската унија, рече Вајгл.

Тој потсетува дека беше еден од потписниците на предлогот за доделување на Нобеловата награда за мир на Алексис Ципрас и Зоран Заев, посочувајќи дека Договорот од Преспа е еден од ретките позитивни случаи во овој дел од светот со кој  еден сложен политички проблем беше решен на демократски начин.

– И некој сега тоа го фрли во корпа за отпадоци и ги обезвредни напорите на овие државници, со што потврди дека оние кои беа против овие договори се во право, вели Вајгл.

Според него, ова испраќа лоша порака до оние кои работат на слични договори во регионот.

– Тие ќе се запрашаат себеси ако ЕУ може, зошто не и ние? На овој начин кредибилитетот на европската политика, воопшто, е поткопан, нагласува поранешниот европратеник Иво Вајгл.

Манчевски во Валандово: Она што го вети СДСМ во програмата, парите кај граѓаните, е исполнето согласно роковите

Успеавме  за 2,5 години да ја зголемиме минималната плата, да ги покачиме платите во јавнатаадминистрација и тоа го ветуваме ќе продолжиме со двојно повеќе работа истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на граѓанската трибина во Валандово.

-Она што го ветивме – парите кај граѓаните, го правиме и го исполнивме во рокови. Првите пари од проектот мој ДДВ наскоро ке легнат на сметките кај граѓаните. Тоа се пари од државата, никогаш порано се нема случено преку ваков проект пари да завршат кај граѓаните. Минималната плата денес е 14.500 денари. Тоа значи за  5.5000 повисока од пред 2,5, години. Ние сме левичари, нашата цел е да им помогнеме на граѓаните, на работниците, на ранливите групи. Со сите овие мерки просечната плата сега е над 25.000 илјади денари а социјаната помош е зголемена за 300%, рече Манчевски.

Посветено работиме за просечна плата од 30.000 денари до крајот на 2020 година. истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски на граѓанската трибина под мотото „На прав пат" во Валандово.

Манчевски додаде дека за 2.5 години отоврени се над 54 нови илјади работни места, пред се во приватниот сектор а невработеноста е намалена на најниски 17.5%, се наведува во соопштението на СДСМ.

Трамп: Да не бев јас , Хонг Конг ќе беше срамнет за 14 минути

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека кинеската војска не интервенирала за да ги задуши про-демократските протести во Хонг Конг, само затоа што тој тоа го побарал од неговиот кинески колега Си Џинпинг.

„Без мене, Хонг Конг ќе беше срамнет со земја за 14 минути. Си Џинпинг има милион војници на позиции околу Хонг Конг. Тие не влегоа само затоа што јас тоа го побарав“, рече американскиот претседател.

Хонг Конг, поранешна британска колонија,која се врати во Кина во 1997 година, се управува по принципот „една земја, два система“, а Хонг Конг ужива слободи непознати за остатокот од Кина. Овој принцип ќе се применува во Хонг Конг до 2047 година.

„Мора да го поддржиме Хонг Конг, но јас исто така го поддржувам претседателот Си“, рече Трамп.

Трамп ја даде изјавата откако американскиот Конгрес донесе резолуција во која се истакнува поддршката за „човековите права и демократијата“ во Хонг Конг.

Резолуцијата сè уште чека на потписот на Трамп.

Свечена академија по повод 22 ноември-Денот на албанската азбука

По повод Денот на унифицирање на албанската азбука во Собранието беше  доделена наградата 22 ноември за 2019 –та , на историчарот, истражувач и хуманист  Давид Хосафлок, како и на просветните работници Кимет и Аднан Агаи.

Свечената академија се одржа вечерва во МНТ, каде меѓу другите се обратија собранискиот спикер Талат Џафери, лидерот на ДУИ Али Ахмети, како и премиерот Зоран Заев. Тој нагласи дека заедништвото е токму она што го промовира оваа влада. Ахмети , пак потсети на поставувањето на основите на албанското писмо во Битола.

притисни ентер