Пред Путин направиле грешка во лансирањето нуклеарен проектил (ВИДЕО)

Додека присуствувал на воената вежба , руска нуклеарна подморница поради грешка го прекина пробното тестирање на балистичка ракета.

Руската нуклеарна подморница падна тестот за интерконтинентална балистичка ракета минатата недела на воена вежба посматрана од претседателот на Русија , Владимир Путин, објави денеска руското Министерство за одбрана.

Нуклеарната подморница К-44 Рјазан, дел од руската пацифичка флота, требаше да лансира две балистички ракети Р-29Р во Охотското море на 17 октомври. На крајот, таа успешно лансираше само една, додека другата останала во цевката на подморницата, објави весникот „Ведомости“.

Инцидентот се случил истиот ден кога Путин ги следел вежбите од командниот центар на Министерството за одбрана во Москва.

Акцијата во Охотското беше дел од пошироката вежба на руските вооружени сили, позната како „Гром“ 2019, која имаше за цел да ја тестира подготвеноста на силите за нуклеарен конфликт.

Министерството за одбрана во понеделникот го потврди инцидентот со балистичка ракета, но го отфрли тврдењето на Ведомости дека неуспешното лансирање на втората ракета предизвикало „вонредна состојба“, објавија руските новински агенции.


Брутално убиство во Њујорк: Во фрижидер е пронајдена отсечена човечка глава и делови на тело

Маж од Њујорк е обвинет за убиство откако во фрижидерот на неговиот стан во Бруклин биле пронајдени човечка глава и делови од телото, соопшти денеска полицијата.

Николас Мекги (45) е уапсен во четвртокот попладне и обвинет за грабеж, криење на човечко тело и компромитирачки докази, соопшти њујоршката полиција, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Посмртните останки на 40-годишниот Кошин Гелцер биле пронајдени на 22 јануари во станот што Мекги го делел со Хедер Стајнс (45), која исто така е уапсена за криење на човечки труп.

Полицајците рекоа дека одговориле на повикот од станот и пронашле повеќе црни кеси со делови од тело во фрижидерот и замрзнувачот.

Според кривичната пријава, лекарите подоцна го идентификувале Гелцер преку отпечатоци од прсти.

Полицијата денеска не соопшти повеќе детали за случајот, ниту пак како и кога е убиен Гелцер.

Генчов: Лидерот што ќе ги поврзе СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе влезе во историјата

Сотир Костов и Александар Генчов, гости во Само Вистина.

Генчов:

Македонија и Македонскиот народ не можат веќе да издржат две големи партии. „Едното општество за сите“, нешто што требаше да биде врвно достигнување на западната Алијанса, се претвара во армагедон за Македонците. Прашање на ден е кога ние ќе треба да си бараме Рамковен договор. Историско обединување е кога ќе се обединат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Лидерот што ќе ги поврзе СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе влезе во историјат, тоа е тешко но лидерот се познава по „тешките работи“. Сега се' е во рацете на Мицкоски, тој води кај Македонците, сакале да признаеме или не, обединувањето е во рацете на Мицкоски. Македонизмот многу подобро ќе се развива доколку сме во добри односи со Бугарија и Грција и како дел од ЕУ. Надвор од ЕУ ние ќе се претвориме во православни Албанци.

Костов:

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаат соговорник од „другата страна“, немаше комуникација со Ковачевски па така ни се роди Француската рамка. Во Македонија има еден, не два народа, согласно уставот има само делови од народ. Според нановите податоци, не е така црна сликата и Албанската жена не е само таа што раѓа. Демогравски Македонци има 65%, Албанците се околу 25% и другото припаѓа на останатите малцинства.

Германците се противат на казнените царини за кинеските електрични автомобили

Германските производители на автомобили се противат на можните европски казнени царини за увоз на електрични автомобили од Кина.

Германското здружение на автомобилската индустрија (ВДА) повика на подготвеност да се вклучат во дијалог од двете страни со цел да се избегне оштетување на развојот на секторот.

„Мерките против субвенционирање, како што се дополнителните тарифи, нема да ги решат предизвиците за европската и германската автомобилска индустрија. Напротив, целта на компензаторните давачки предвидени од Европската комисија брзо може да има негативен ефект“, изјави претседателката на VDA, Хилдегард Милер за неделното издание на весникот Ди Велт.

Според неа, трговскиот конфликт би ја загрозил и трансформацијата кон електромобилност и дигитализација.

Од минатата есен, Европската комисија истражува дали електричните автомобили во Кина имаат нелегални субвенции. Според Комисијата, кинеските електрични возила обично се околу 20 отсто поевтини од моделите произведени во ЕУ, пишува Seebiz.

Истрагата против субвенционирање сега може да доведе до наметнување казнени тарифи. Прелиминарниот оглас на комисијата е планиран за 5 јуни.

Според Центарот за истражување на автомобили со седиште во Дуизбург, германските производители на автомобили продаваат 30%-40% од своето производство на кинескиот пазар.

Во случај на европски казнени царини, тие производители би можеле да бидат првата цел на можните кинески контрамерки.

притисни ентер