Собранието го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците

Собранието во рамките на попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 114-тата седница го донесе Законот за Инспекторат за употреба на јазиците.

Во текот на расправата пратениците од опозицијата побараа оваа точка да се одложи на неопределено време се до добивањето на финалната верзија на извештајот на Венецијанската комисија заради, како што релкоа, поврзаноста на ова законско решение со Законот за употреба на јазиците. Тие укажаа дека Венецијанската комисија има забелешки на Законот за јазици и додадоа дека не треба на брзина да се носат законски решенија кои имаат сериозни последици за сите.

За владејачките партии Законот за Инспекторат за употреба на јазиците се донесува со цел надзор врз примената на Законот за употребата на јазиците и со него се гарантира рамноправност, еднаквост и непристрасност при примена на инспекцискиот надзор, како и доследно применување на Законот за употребата на јазиците.

По усвојувањето на Законот претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за утре во 11 часот.

Скопското обвинителство поведе постапка за 12 лица кои не ги почитувале здравствените прописи​

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против вкупно 12 лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија" од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, како што соопшти ЈО, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на ширењето на заразната болест КОВИД-19. Тие не ја почитувале одлуката на Владата за забрана на групирање на повеќе од пет лица на јавни површини.

Надлежниот јавен обвинител предложи на секој од обвинетите да му биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​ /МИА

Властите во Пекинг објавија дека во изминатите 24 часа нема нови случаи на заразени со ковид-19

Властите во Пекинг објавија дека во изминатите 24 часа нема нови случаи на заразени со ковид-19 во кинескиот главен град.

Како што се наведува, за првпат нема пациенти од нагло зголемување на бројот на заразени лица во Пекинг на почетокот на јуни, кога беа воведени карантински мерки поради појава на вирус во близина на пазарот на големо.

Властите се уште истражуваат што доведе до повторно појавување на епидемијата.

Неименуван претставник на пазарната администрација за локалните медиуми изјавил дека, наводно, вирусот е пронајден на таблите за сечење на увезен лосос.

Починаа сијамските близнаци со најдолг животен век, на 69-годишна возраст

Починаа сијамските близнаци со најдолг животен век. Рони и Дони Гелион починаа на 69-годишна возраст.

Сијамските близнаци од американската сојузна држава Охајо се родени на 28 октомври 1951 година со споен абдомен.

Во 2014 година, непосредно пред нивниот 63-ти роденден, браќата станаа сијамски близнаци кои најдолго живееле. Властите навеле дека умреле со природна смрт. Уште како деца, почнале да се појавуваат на карневалите и во циркуси како атракција.

Нивниот брат Џим рекол дека семејството со години живеело со нивните приходи.

За браќата документарниот филм за браќата Гелион беше емитуван од ТЛС во 2010 година.

притисни ентер