Албански медиуми: Макрон наскоро во Тирана и Скопје

Францускиот претседател Емануел Макрон кој на Самитот на ЕУ стави вето за отворање преговори со Албанија и Македонија, наредниот месец ќе ги посети двете земји, објавуваат денеска албанските медиуми.

Самиот Макрон на прес-конференцијата што ја одржа по Самитот на ЕУ во Брисел, најави дека планира да дојде во Скопје и во Тирана на средби со премиерите Зоран Заев и Еди Рама.

Посетата на Макрон на двете земји ја потврдиле дипломатски извори во Тирана за Exit.al. И албанскиот премиер Еди Рама, по денешната средба на раководството на неговата Социјалистичка партија, кажал дека наскоро ќе има многу значајни средби, меѓи кои и со Макрон, без да открие повеќе детали.

Албанските медиуми наведуваат дека како знак на поддршка од официјален Париз, во Тирана е отворена канцеларијата на Француската агенција за развој, која ќе работи на развојни проекти во Албанија.

Потсетуваат дека Макрон планирал да дојде во Албанија во есента 2018 година, во рамките на балканска турнеја, но посетата била откажана.

Засега нема официјална потврда за посетата на францускиот претседател на Албанија и на Македонија./МИА

Фото: Ким Кардашијан драстично го промени изгледот

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан драстично го променила својот изглед.

Ваква боја на косата Ким немала никогаш.

За само неколку дена по трет пат е главна тема во светскиот шоу-бизнис. Прво јавноста дозна дека Ким и нејзиниот сопруг Канје Вест станале милијардери, потоа дека можеби тие двајца наскоро ќе влезат во претседателскиот кабинет. Сега Ким е актуелна во медиумите поради тоа што станала црвенокоса.

Популарната старлета со бујни облини на својот профил на Инстаграм објавила селфи на кое ја по прв пат ја покажала новата боја на косата.

Видео: Китови во Јадран!?

Во близина на брегот на Јадранското море во Хрватска забележани биле две големи суштества, два кита.

Залутаните китови предизвикале страв меѓу туристите во Корчула. Китовите пливале на околу 150 метри оддалеченост од брегот во близина на стариот град во Корчула.

Огромните цицачи кратко пливале крај брегот и потоа го продолжиле својот пат кон отвореното море.

Појавата на китови во близина на брегот предизвикала страв меѓу туристите.

-Некои коментирале дека веќе нема да влезат во морето и да пливаат.

Покрај во Корчула китовите биле видени и од месното население и туристите во Ново Винодолско.

Италијанец погоди „шестка“ и доби 60 милиони евра

Среќен Италијанец е побогат за фантастични 60 милиони евра.

Анонимен Италијанец играл „ SuperEnalotto" и погодил „шестка“ за добивка од 60 милиони евра.

Добитните броеви биле 16, 24, 29, 53, 73 и 88, „ Jolly" бројот бил 62, а суперстар“ бројот бил 50 .

Среќниот добитник неверојатната награда од 60 милиони евра ја добил со вложени само три евра.

притисни ентер