Косовски имам доби отказ поради практикување дарвинизам

Кога немал молитви и други верски обреди во својата селска џамија , имамот Дрилон Гаши објавувал статуси на социјалните мрежи во кои вели дека верува во тероријата на еволуција на Дарвин.

Гаши (31) минатиот месец е отстранет од Исламската заедница на Косово (БИК), највисокото верско тело во земјата. Тој рече дека ова е доказ дека традиционално умерениот ислам на Косово е во опасност.

- Живите суштества се создаваат со еволуција, а еволуцијата ја води Бог - тој ја објасни својата теорија дека исламот и науката можат да бидат во согласност.

„Науката ги изложува природните појави на нештата што ги создал Бог“, додава тој.

Прифаќањето на теоријата за еволуција не е невообичаено за Косово, бидејќи верниците се познати по умерениот ислам.

Според пописот во 2011 година, повеќе од 90 проценти од Косовците се декларираат себеси за муслимани.

Алкохолот слободно се продава, луѓето јавно покажуваат дека се вљубени во сè што е американско, а жените не носат религиозни фустани или шамии.

Овој начин на живот, сепак, се смени во последните две децении откако верското учење на крајот на минатиот век отвори конфликт меѓу традиционалните верници и новиот бран на имами кои се образовани во странство.

Откако војната за независност со Србија заврши во 1999 година, стотици џамии беа изградени со пари од земјите од Персискиот Залив, се шират нови учења, а имамите добија стипендии за студирање во земји како Саудиска Арабија или Египет.

Гаши студирал во Медина, но, тој не ја прифатил ултраконзервативната доктрина која се практикува таму, а на религиозниот естаблишмент не му се допадна на неговото „модерно размислување“, изјави тој за АФП.

На Косово, каде што пристигна исламот со идејата за проширувањето на Османлиската Империја, Гаши ја презеде функцијата во џамија изградена со арапски пари во Витомириче, град со пет илјади жители.

Тој го прошири својот „контроверзен“ став на социјалните медиуми и во разговори со локалните новинари.

„Неговите ставови се спротивни на принципите на исламот и нашите внатрешни правила“, рече портпаролот на БИК, Ахмет Садриу, откако Гаши беше разрешен од функцијата.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер