Дневен хороскоп за 22.октомври 2019 година

Дневен хороскоп за вторник , 22. октомври 2019 година. 

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Нивото на вашата самодоверба ќе биде високо , а шансите за дружење отворени. Многумина осамени денеска ќе запознаат нови лица.

Кариера

Со добра финансиска поддршка денеска би можеле да дефинирате дел од работите со странство.

Здравје и совет

Одете до крај без двоумење.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Додека минува денот, полека ќе сфаќате дека некои особини на саканата личност ве возмнемируваат. Прифатете ги , зашто чувството на немир е минливо.

Кариера

Некој од вашите надредени денеска би можел да застане на патот на вашите напредни идеи.

Здравје и совет

Издржете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

На повеќето љубовни настани вие ќе најдете некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате со помалку строгост и опуштете се.

Кариера

Можни се неконтролирани финансиски издатоци. Држете се до зацртаниот план и правете минимални поместувања.

Здравје и совет

Некои ќе го изгубат гласот поради болки во грлото .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денот е добар за неврзано дружење на кафе. Излезете на воздух, прошетајте се , а особено ако се уште сте сами.

Кариера

Нема ништо да се случи доколку само чекате. Треба да се покажете , дас е јавите , дасе претставите.

Здравје и совет

Комуницирајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Фазата на уживање во љубовниот живот ќе продолжи и денеска. Ќе имате речиси се што би можеле да посакате.

Кариера

За да успеете , потпрете се на самите себеси. Вие сте најдобар патоказ , како за себе , така и за луѓето околу вас.

Здравје и совет

Се враќате низ сеќавањата.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Партнерот ќе очекува нежност , а вие ќе бидете повлечени во својот свет. Се ќе биде подобро со малку поголема отвореност.

Кариера

Луѓето со кои соработувате денеска нема да бидат целосно сигурни во која насока да се продолжи со започнатото.

Здравје и совет

Кашлица.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Во емотивните прашања ќе имате големи очекувања. Ќе сакате другите да ве галат и чуваат. Како ќе биде , зависи од партнерот.

Кариера

Ќе продолжите да ги развивате своите инвентивни идеи , додека во исто време ќе наопредува и соработката со колегите.

Здравје и совет

Во добра форма сте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска на лесен и пријатен начин би можеле да ја најдат меѓу колегите од работа или на место поврзано со работата.

Кариера

Слободно може да и се препуштите на работата , зашто во активностите ќе најдете се она што сте го очекувале.

Здравје и совет

Одличен ден за вработените.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во вториот дел на денот би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза и остварување на соништата што долго време сте ги сонувале.

Кариера

Одличен ден за сите дејности поврзани со луѓе или со смисла за естетика. Работите се одвиваат се подобро и подобро.

Здравје и совет

Се чувствувате одлично.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку во емотивните прашања се потпирате на вашиот внатрешен глас, денеска тоа може да ви донесе многу среќа и задоволство.

Кариера

Сите работи поврзани со алтернативното , како и оние поврзани со психологијата ,денеска ќе се одвиваат исклучително добро.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат барем на кафе.

Кариера

На кусо службено патување ќе сфатите дека треба да прифатите она што другите ви го предлагаат , заедно со ризикот што оди со тоа.

Здравје и совет

Не анализирајте премногу.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата најдрага личност веројатно со недоличен потег или говор ќе навреди некого од вашето семејство. Обидете се да ја ублажите кавгата.

Кариера

Премногу размислувања за тоа како соработувате со други ќе ви го одземе скапоценото време.

Здравје и совет

Верувајте и на својата интуиција.

Анкета на ЗСМ: 46 отсто од студентите на УКИМ земаат антибиотици и без претходно консултирање со лекар

Четириесет и шест отсто од студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје земаат антибиотици и без претходно консултирање со лекар.

 38 отсто од нив сметаат дека антибиотиците помагаат при лекување на сезонски грип, покажуваат резултатите од последното анкетно истражување што во изминатите два месеци го спроведе Здружението на студенти по медицина (ЗСМ).

Од Здружението соопштија дека по повод одбележувањето на Светската недела за рационална употреба на антибиотици (од 18 до 24 ноември) спровеле анкетно истражување во изминатите два месеци со цел добивање на информации околу степенот на познавањата на студентите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје за правилната употреба на антибиотиците и појавата на антибиотската резистенција. Со анкетата биле опфатени 1.024 испитаници. 

Околу 6000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцина против грип

Околу шест илјади граѓани се пријавиле преку системот „Мој Термин“ за бесплатна вакцина против грип.

Од утре стартува бесплатното вакцинирање против грип во оваа категорија се граѓаните над 65 години бебиња од шест месеци до пет години, бремени жени. Овие граѓани треба претходно да заминат кај својот матичен доктор и да закажат термин за вакцина.  

Вакцинацијата ќе биде во поликлиниките Букурешт, Ѓорче Петров и Чаир во пунктовите за редовна вакцинација на деца од 14 до 18 часот, а во здравствените домови термини ќе има и за во сабота.

Министерот за здравство објаснува дека има доволно вакцини за сите, а доколку не стигнат вакцини има најава и за донација. 

За пациентите кои не можат сами да дојдат до местата за вакцини, ќе може со закажување на телефонот 194 да бидат транспортирани до местата за вакцинација.

Сите оние кои сакаат да се вакцинираат приватно вакцината чини 650 денари.

Kардиохируршки интервенции на деца покриени од ФЗОМ и во„Аџибадем Систина"

Во Клиничката болница „Аџибадем Систина" почнаа да се вршат кардиохируршки интервенции на деца (на возраст до 18 години) со кардиоваскуларни болести кои се покриени од Фондот за здравствено осигурување.

Од болницата соопштија дека можноста за тие интервенции произлегува од анексот на Договорот за извршување и плаќање здравствени услуги во областа на кардиоваскуларна хирургија на осигурени лица, што го потпишале со Фондот.

Овие интервенции, информираа од болницата, ги извршува искусен тим од доктори предводен од д-р Владимир Чадиковски, кој е единствениот лиценциран детски кардиохирург во земјава, заедно со доктори од „Аџибадем" од Турција кои зад себе имаат повеќе од 15.000 интервенции.

Станува збор за тим од десетмина доктори кардиохирурзи, кардиолози, интернисти, анестезиолози, перфузионисти и педијатри за кардиолошки интервенции кај деца, кои се едни од најдобрите во регионот. Предност е што искусниот тим на доктори кои доаѓаат од Турција ќе бидат достапни секоја недела во земјава и ќе бидат вклучени во третман на кардиолошки заболувања кај деца. Целта е во следниот период „Аџибадем Систина" да стане референтен центар за третман на вродени срцеви заболувања кај деца не само во државава, туку и на Балканот, посочија од болницата./МИА.

притисни ентер