Власта и опозицијата усогласени околу потребата за одговор кон Бугарија- формата непозната

 Сите политички партии се согласиле да реагираат на бугарскките барања, вклучително и претседателот Пендаровски, но од владејачката партија велат дека не треба предизборно да се политизираат меѓусоседските односи.

По испорачаните бројни услови од бугарската Влада меѓу кои бараат бришење на македонскиот јазик од ЕУ документите и откажување од македонското малцинство во Бугарија, на маса на лидерската средба се најде и контра-декларација за одбрана на македонските права. Сите политички партии се согласиле да реагираат на бугарскките барања, вклучително и претседателот Пендаровски, но од владејачката партија велат дека не треба предизборно да се политизираат меѓусоседските односи.

Ова прашање го отворил претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој смета дека Бугарија не навредува и треба да се одбраниме со гаранција дека нема да се откажеме од македонскиот јазик и македонското малцинство.

- Со тоа ќе кажеме дека тое е огромна навреда и не води кон подобрување на добрососедски односи, туку напротив ги заострува. На некои од наредните состаноци јас верувам  дека тоа прашање ќе се отвори. Инсистирам да се донесе една резулација која ќе биде одговор дека не ни паѓа на памет ниту имаме намера како политички партии да постапиме согласно барањата на нашиот источен сосед,изјави – Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Дали декларацијата ќе биде владина, меѓупартиска или собраниска се уште не се знае. Од партиите велат дека оставаат простор да се најде заедничко решение.

Инаку, од бугарската Влада велат дека не го попречуваат почетокот на преговорите на земјава во Европската Унија, туку овие услови ќе ги бараат од Македонија на секое преговарачко поглавје со Унијата.

притисни ентер