Преодната Влада на должност стапува на 3-ти јануари 2020

И власта и опозицијата во трката влегуваат убедени во победата.

 Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев вчера по средбата со коалициските партнери тврди дека според последните анкети имаат фаворитска улога во однос на опозицијата.

Победата ја очекуваат и во ВМРО ДПМНЕ. Генералниот секретар на партија, Игор Јанушев вели 12-ти април е датумот кога Заев и СДСМ заминуваат од власт.

Иако официјалниот почеток на предизборната кампања е се уште далеку и власта и опозицијата веќе се на терен. ВМРО ДПМНЕ со „Обнова на Македонија“, а СДСМ „На прав пат“ ја крстосуваат државата барајќи поддршка од граѓаните.

По измените на Изборниот законик донесени согласно Договорот од Пржино од јуни 2015 година на одржувањето парламентарни избори им претходи формирање на т.н. техничка влада. За изборите закажани на 12-ти април техничката влада треба да се формира на три јануари тогаш и премиерот Заев , согласно Изборниот законик, се повлекува од функцијата.

На негово место треба Собранието по предлог на владејачката партија избира претседател на техничката влада. Веќе се шпекулира дека до изборите премиерската должност ќе ја извршува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој ќе согласно концептот на „пржинската влада“ ќе замине од министерското место.

Во техничката влада опозицијата треба да добие две министерски функции во внатрешни работи и труд и социјална политика. Три позиции дополнителен заменик министер  во финанси, земјоделство и информатичко општество и администрација.  Власта пак треба да предложи двајца дополнителни замениници министри во МВР и труд и социјала.

Оваа влада има мандатот до прогласување на конечните изборни резултати од Државната изборна комисија. Согласно анексот на Пржинскиот договор по изборите функционерите од партијата која ќе освои помалку гласови си поднесуваат оставка, а на нивно место доаѓаат замениците министри.  Министрите и дополнителни министри во техничката влада рамноправно ги споделуваат надлежностите и имаат право на вето на донесените одлуки.

Ваков модел на влада за првпат беше формиран пред изборите во декември 2016 година.

Земјотрес кај грчкиот остров Хидра

Слаб земјотрес со јачина од 4 степени по рихтер е измерен југоисточно од грчкиот остров Хидра.

Атинската национална опсерваторија соопштила дека потресот бил забележан во 10:15 во море на 51 километар од островот, пренесе „АНА“.

Како што се наведува епицентарот бил лоциран на 122 километри јужно од Атина.

На лондонскиот аеродром уапсен маж кој подготвувал терористички напад

Се сомнева дека тој учествувал во кривични дела во Сирија.

Британската полиција на лондонскиот аеродром Хитроу, уапсила маж кој пристигнал со лет од Турција заради сомнеж дека извршил кривични дела во Сирија, по што против него е покренато обвинение за тероризам.

Мамун Рашид утре ќе се појави пред судот заради обвинение за подготовка на терористички чин, соопшти британската полиција.

Ројтерс наведува дека тој е уапсен во вторник заради сомнеж дека е вмешан во кривични дела поврзани со конфликтот во Сирија.

Британската агенција, исто така наведува дека Турција почнала од своите затвори да праќа поранешни припадници на ИД во нивните матични земји.

Ројтерс не наведува од која земја е уапсениот Рашид.

Папата на ручек угости 1.500 бездомници

Римокатоличката црква денес го одбележува Денот на сиромашните.

По повод тоа Папата Франциск угости на ручек 1.500 бездомници и луѓе во неволја. Гостите во Ватикан биле донесени од волонтери од хуманитарни групи кои секојдневно помагаат на луѓето во неволја.

На менито на ручекот во Ватикан имало лазањи, пилешко во сос од печурки, компир, колач, овошје и кафе.

притисни ентер