„Сандеј Тајмс“: ЕУ го пролонгира Брегзит до февруари 2020 година

Европска унија ќе го одложи Брегзит до февруари 2020 година ако британскиот премиер Борис Џонсон во текот на неделата не добие поддршка од парламентот за договорот за излегување на Велика Британија од ЕУ, објави британскиот весник „Сандеј Тајмс“.

Британскиот весник наведува дека во случај Џонсон се соочи со сериозни проблеми или пратениците инсистираат на втор референдум, тогаш земјите членки на еу, предводени од Германија ќе бараат подолго одложување.

Британските пратеници во саботата со 322 гласови „за“ и 306 „против“ го пролонгираа гласањето за договорот за Брегзит, поради што Џонсон официјално побара одлагање на излегувањето на Велика Британија од ЕУ, при тоа нагласувајќи дека тој лично е против пролонгирање на Брегзит.

Чиле воведе вонредна состојба во регионот на народот Мапуче

Администрацијата на чилеанскиот претседател Габриел Бориќ прогласи вонредна состојба во јужните делови на земјата поради ескалацијата на насилството како последица на конфликтот меѓу државата и домородното население Мапуче.

Британските медиуми пренесуваат дека во насилството досега загинаа неколку лица, меѓу кои и активисти на Мапуче, припадници на безбедносните сили и шумари.

Чилеанската министерка за внатрешни работи, Изкиа Сичес, прогласи вонредна состојба во согласност со Уставот на Чиле, кој на армијата ѝ овозможува да ги чува важните правци и патишта во областите од епицентарот на конфликтот.

-Очигледно е дека во последно време имаме зголемен број на акти на насилство на патиштата и бевме сведоци на напади од кукавици, решивме да ги искористиме сите алатки на државата за да ја обезбедиме безбедноста на нашите граѓани, рече Сичес.

Тој додаде дека саботажите и палењата куќи, камиони и машини се зголемени во последните години во областа што важеше за исклучителен туристички регион.

Неколку групи од народот Мапуче бараат да им се врати земјиштето од предците, на кои во моментов работат шумските претпријатија.

Левичарската влада на Бориќ најавува дека ќе одвои околу 470 милиони долари за проекти за јавни работи во оваа област, заедно со претходно најавените планови за унапредување на враќањето на земјиштето и формирање на Министерство за староседелци.

Новата вонредна состојба е поограничена од онаа што ја воведе претходната влада, а самиот Бориќ изјави дека нема намера да ја обнови на начин што го определи неговиот десничарски претходник Себастијан Пинера, кој неколку пати ја продолжуваше вонредната состојба, но во март беше укината.

Некои групио од народот Мапуче поднесоа судски налог за заштита против Пинера, изјавувајќи дека вонредната состојба е произволна и незаконска.

Министерката Сичес рече дека владата побарала обвинителот да ги истражи криминалните организации и активности, како што се трговија со дрога и кражба на дрво во областа./МИА

Рајан:СЗО загрижена од високото ниво на пренос на корона меѓу невакцинираните во Северна Кореја

Рајан потсети дека СЗО во неколку наврати соопшти дека таму каде што има непроверена трансмисија, секогаш постои поголем ризик од нови варијанти.

Официјалниот претставник на Светската здравствена организација Мајк Рајан изјави денеска дека високото ниво на пренос на коронавирус меѓу невакцинираните луѓе, како што е случајот во Северна Кореја, создава поголем ризик од нови варијанти на вирусот.

-Секако дека е загрижувачки доколку земјите не ги искористат средствата што сега се достапни, рече директорот за вонредни ситуации на СЗО, Мајк Рајан, одговарајќи на прашање за епидемијата во Северна Кореја, пренесуваат британските медиуми.

Рајан потсети дека СЗО во неколку наврати соопшти дека таму каде што има непроверена трансмисија, секогаш постои поголем ризик од нови варијанти./МИА

Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд.

Наместа во јужните делови врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој повремено ќе надминува брзина и над 60 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно, во четврток и петок со ниски утрински температури, а дневните од сабота ќе бидат во позначителен пораст. Локална појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи се очекува во недела, велат од УХМР.

притисни ентер