Во Битола почнува „Недела на иранскиот филм"

НУ Центар за култура-Битола во соработка со амбасадата на Исламска Република Иран, од денес до 27 октомври организира „Недела на иранскиот филм".

Манифестацијата ќе почне со проекција на филмот „Коцка шеќер", а на свеченото отворање ќе присуствува амбасадорот на Иран, Хосеин Карими.

-Неделата на ирански филм се организира за прв пат во Битола. Проекциите ќе се реализираат во малата сала каде освен филмот на отворање, ќе бидат емитувани и филмовите „Не се срами", „Децата на рајот", „Кафе транзит", „Денеска", „Базен за цртање" и „Каде е куќата на пријателот", информираат од НУ Центар за култура-Битола.

Влезот за секоја филмска програма е бесплатен. /МИА

Земјотрес кај грчкиот остров Хидра

Слаб земјотрес со јачина од 4 степени по рихтер е измерен југоисточно од грчкиот остров Хидра.

Атинската национална опсерваторија соопштила дека потресот бил забележан во 10:15 во море на 51 километар од островот, пренесе „АНА“.

Како што се наведува епицентарот бил лоциран на 122 километри јужно од Атина.

На лондонскиот аеродром уапсен маж кој подготвувал терористички напад

Се сомнева дека тој учествувал во кривични дела во Сирија.

Британската полиција на лондонскиот аеродром Хитроу, уапсила маж кој пристигнал со лет од Турција заради сомнеж дека извршил кривични дела во Сирија, по што против него е покренато обвинение за тероризам.

Мамун Рашид утре ќе се појави пред судот заради обвинение за подготовка на терористички чин, соопшти британската полиција.

Ројтерс наведува дека тој е уапсен во вторник заради сомнеж дека е вмешан во кривични дела поврзани со конфликтот во Сирија.

Британската агенција, исто така наведува дека Турција почнала од своите затвори да праќа поранешни припадници на ИД во нивните матични земји.

Ројтерс не наведува од која земја е уапсениот Рашид.

Папата на ручек угости 1.500 бездомници

Римокатоличката црква денес го одбележува Денот на сиромашните.

По повод тоа Папата Франциск угости на ручек 1.500 бездомници и луѓе во неволја. Гостите во Ватикан биле донесени од волонтери од хуманитарни групи кои секојдневно помагаат на луѓето во неволја.

На менито на ручекот во Ватикан имало лазањи, пилешко во сос од печурки, компир, колач, овошје и кафе.

притисни ентер