Фото: Тинејџер украл автомобил и се забил во скапоцено Ламборџини

Еден 14 годишник од Австралија ја заврши на најлош начин ноќта во која одлучи да украде автомобил и да се провози.

Минатата недела австралиската полиција трагала по украденото Субару. По повеќечасовна потрага тие го воочиле во предградието на Перт и се обиделе да го сопрат возачот. Меѓутоа тој тогаш тргнал наназад, удрил во полициското возило и отишол во бегство, за веќе во следниот градски кварт потерата да биде окончана.

Имено, малолетниот крадец, брзајќи низ една од раскрсниците удрил во скапоцено Ламборџини. Жолтиот Ламборџини Урос вреден преку 250.000 евра претрпел голема штера, како и украденото Субару, за среќа никој не бил повреден.

Полицијата го уапсила 14 годишникон.

притисни ентер