Фото: Нов ѕвер од „BMW“

„BMW“ го претстави новиот модел од серија 2 Гран Купе. Најатрактивната верзија од овој автомобил е спортскиот „М235i“.

Во себе има 2.0 литарски турбо- бензин мотор со 305 коњски сили и „xDrive“ погон за пренесување на силата на сите четири тркала.

Менувачот е автоматски со осум брзини и овој автомобил од 0 до 100 км/ч забрзува за само 4,7 секунди.

Автомобилот е оплеменет со бројни компоненти изработени од карбон или хромирани и детали од сјајно црна пластика.

Купувачите ќе можат да одберат помеѓу 18 и19 инчни бандажи.

Ентериерот го краси новиот спортски волан со црвен маркер на врвот.

Почетната цена на „BMW М235i“ во Германија изнесува 51.900 евра.

Пет работи што не може да си ги дозволат ниту милионерите

Има некои работи што дури ни милионерите не можат да си ги дозволат. 

Business Insider  состави список од пет работи кои се надвор од дофатот на милионерите, односно само супер богатите мултимилионери можат да ги имаат .

1. Суперијахти

Иако се чини дека сите богати луѓе одмораат на јахти, но кога станува збор за тие мултимилионски долари луксузни суперјахти, само најбогатите можат да ги имаат. Ова е затоа што со вакви пловни објекти, покрај астрономската почетна цена, постојат и многу високи трошоци за одржување што само неколку можат да си ги дозволат.

2. Приватни авиони

Истата работа се однесува и за приватните авиони. Иако можеби се чини дека секој милионер има свој сопствен приватен авион, со кој може да лета насекаде во кое било време, само оние многу побогати од милионерите можат да си дозволат вакви работи. „Да се биде сопственик на авион не е за милионери. Тоа е за момци кои  вредат 50, 60, 100 милиони“, рече Крис Батаглија од „Meridian Aviation “.

3. Спортски клуб

Само најбогатиот може да си дозволат да станат член на  спортски клуб од светска класа. На пример, во 2014 година, Стив Балмер го купи ЛА Клиперс за неверојатни 2 милијарди долари.

4. Постојана домашна послуга

Не сите милионери имаат постојана послуга во своите домови. Веројатно повеќето можат да си дозволат помош околу куќата, но не можат да си дозволат тие да прават сè друго за нив затоа што тоа чини многу пари. Вработени како послуга со полно работно време во кое би биле вклучени началник на персоналот, менаџерски тим, батлер, асистент, готвач, домаќинка, дадилка, тутор, возач и домаќин чини 1 до 2 и пол милиони долари годишно, не вклучувајќи ги сите бенефиции кои работодавачот мора да ги обезбеди за овие вработени, пишува BI.

5. Бункери за судниот ден

Се зголемува бројот на ексцентрици кои се подготвуваат за „судниот ден “ градејќи бизарни комплекси и бункери. Тие треба да имаат многу пари за вакво нешто. Блумберг неодамна напиша дека милијардерите од Силиконската долина во последно време купуваат бункери во Нов Зеланд, од кои некои чинат околу осум милиони долари. Оние со малку повеќе луксуз и до 20 милиони долари.

Значи, ако некогаш дојде судниот ден и овие бункери навистина послужат за целта –на светот  ќе останат живи само милијардери и мултимилионерите.

Почна изградбата на првата населба без автомобили

Населба без паркинг места или гаражи за автомобили и други возила , каде се живее во тишина е за некои сон , а за други наскоро ќе се оствари.

Со првата лопата, пред три дена започна изградбата на населба во Темпа, Аризона, која се смета за прва „населба без автомобили“ во САД. Според проектниот план, ќе се градат околу илјада сместувачки единици и ќе нема места за паркирање. Поточно, се очекува жителите на оваа населба да не поседуваат автомобил.

И тоа е местото каде сега работите стануваат малку покомплицирани. Како што покажуваат графиките, ќе има патишта и автомобили, но само во форма на автомобили за споделување и шатл-служба. Со текот на времето, само автономни возила ќе смее да се движат по улиците. Сепак, посетителите ќе мора да ги остават своите возила на посебни паркинзи пред да влезат во населбата. Во секој случај, се очекува престојот да биде многу поудобен, особено затоа што ќе има значително помалку површина покриена со асфалт.

Автор на проектот е Кулдесек Темпа, со инвестиција од околу 140 милиони американски долари. Населбата ќе ги добие првите станари следната година на есен.

Членовите на Колдплеј ја прекинаа светската турнеја , причината е чудна

Бритискиот бенд Колдплеј реши да паузира со турнејата на која го промовира нивниот последен албум, наведувајќи дека концерттите имаат негативно влијание врз животната средина.

Крис Мартин за Би-Би-Си изјави дека нема да има турнеја за овој албум и дека групата ќе паузира една година или две, додека бендот не најде начин да ја направи својата турнеја не само еколошки одржлива, туку и еколошки корисна.

„Сите ние треба да ја завршиме работата на најдобар можен начин и да дадеме се од себе. Сакаме нашите идни патувања да имаат позитивно влијание врз животната средина“, рече фронтменот на Колдплеј.

Британскиот бенд во моментот е во Аман, главниот град на Јордан, каде го претставува новиот албум со тоа што ќе одржи два концерти кои во живо ќе се пренесуваат преку YouTube.

Концертите се закажани за деенска. Едниот ќе се одржи во зори, а другиот на зајдисонце. Двата дела на концертот ги претставуваат двата дела на нивниот нов албум, ,,Секојдневен живот”.

Во интервју за BBC, Мартин објасни дека тој и неговите колеги го избрале Jордан за да го претстават албумот затоа што се наоѓал некаде на средина на планетата и затоа што таму обично не одржуваат концерти . Тој додаде дека нивниот албум ја претставува глобалната перспектива на групата.

„Ако сте имале привилегија да патувате низ светот, тогаш знаете дека сите доаѓаме од исто место. На многу нежен британски начин, овој албум не сака да прави разлика меѓу кој било човек на планетата“, рече тој.

Колдплеј последен пат го обиколи светот во 2016 и 2017 година со турнеја наречена „Глава полна соништа“, која се состоеше од 122 концерти на четири континенти.

„Нашата следна турнеја ќе биде најдобрата можна верзија на турнеја што е еколошка“, рече Мартин.

Тој смета дека најтежок дел од турнејата ќе биде авионскиот лет затоа што тие сакаат концерти каде нема да се користи пластика и концерти каде ќе се користи соларна енергија.

WWF (WFP) ја поздрави нивната иницијатива, објаснувајќи дека е супер што светски познатите sвезди се борат за да ја заштитат планетата.

Групата ќе одржи концерт во Лондон на 25 ноември и сите приходи ќе бидат донирани во добротворна организација за животна средина.

притисни ентер