Прва фотографија од новата Хонда Џез

Четвртата генерација од овој модел на Хонда ќе ја користи технологијата „i-MMD“.

Хонда ја објави првата тизер фотографија од својот модел Џез, чија светска премиера ќе биде одржана на 23-ти октомври во Токио.

Четвртата генерација од Џез ќе го изгуби аглестиот изглед од актуелниот модел и добива заоблени линии и традиционален облик.

Новиот Џез ќе ја наследи пространата кабина од претходните генерации, а новата хибридна верзија ќе има погонски систем со два електромотори, кои се покомпактни во однос на претходниот хибриден погон кај овие модели.

Се работи за технологијата „i-MMD“(Intelligent Multi-Mode Drive)

Во соопштението за медиуми, Хонда неведува дека новиот Џез во Европа ќе биде понуден само со хибриден погон.

Хонда претходно оваа година изјави дека планира до 2025-та да ја елекрифицира целата своја гама автомобили во Европа. Хонда ќе ја објави ажурираната верзија од својот план на специјален настан во Амстердам.

Сјајот и отсјајот на Безистенот во Битола

 Во строгиот центар на градот, со стратегиски позиции, внимателно думани или, како што велат битолчани, мислено и промислено, пред повеќе од 500 години е изграден најголемиот покриен пазар во регионот, битолскиот Безистен.

Безистенот во Битола, поставен на темели од постар објект, одолеал на минатото и во најголем процент ја задржа формата, но во различни временски периоди го менувал ликот.

За стратегиската важност на Безистенот говори локацијата на која се наоѓал некогаш, и сега, во центарот на градот, покрај река, близу маркантниот Градски часовник, окружен од Исак Челеби и Јени џамија, и на две минути пеш до храмот „Св. Димитриј", а оттаму на Широк сокак. Ктиторот Кара Даут-паша имал желба покривната конструкција на Безистенот да има оловни куполи, кои ден-денес се чуваат на овој, налик на тврдина, важен културно-историски споменик.

Во отоманскиот период, дел од Безистенот бил трезор за чување на даноците собрани од тогашна Румелија, а тоа, според хроничарите, било повод да бидат регистрирани грабежи на благајната, чести кражби на стока, но и опожарувања на дуќаните. Битолскиот Безистен има длабоки визби, цврсти темели, изграден е од камен и ѕидан со печена тула. Оригиналната фасада често е менувана, крпена, малтерисувана, бојадисувана… За жал, никогаш нема да се врати еден дел од Безистенот, цел ред дуќани од јужната страна што се урнати. За тоа сведочи фотографијата публикувана во „Битола низ стари разгледници" (Д. Најдов), од која јасно се гледа дека јужната фасада била урната, изѕидани се нови дуќани, кои исто така не постојат.

Внатрешниот дел на Безистенот често е менуван, па така од над 80 дуќани за исто толку занаетчии што ги продавале своите производи, денес има околу 50 продавници, најголем дел под катанец, затворени. Во Безистенот се продавало сè, за богати и сиромашни. Скап текстил и евтин зеленчук, месо, млеко, месено солено и благо, леблебии и суво грозје, рачно изработени керамички и лимени предмети, но и ексклузивна облека од увоз, која Милтон Манаки ја овековечил на оригинален начин, така како што била изложена, високо поставена во ходниците на Безистенот, на креместаре – секој да ја види. Внатрешноста на Безистенот е фотографирана во периодот меѓу Првата и Втората светска војна, на, за жал, денес оштетена плоча, која сепак се чува. Ако се споредува, лесно е да се уочи дека Безистенот во внатрешноста сепак е ист како пред 100 години, така и денес.

Безистенот во Битола како важен споменик на културата често е инспирација за патописци и песнопојци. Така, на пример, Евлија Челебија, турски патописец што во Битола престојувал во 1662 година во својата „Сијахатнама" напишал: „Градот има чаршија со 900 занаетчиски и трговски дуќани, 40 кафе-чајџилници и гостилници и монументален Безистен со железни порти." Непознат патописец напишал: „Крај кејот на реката Драгор, четири големи железни порти секое утро го отвораат светот на убавината, а навечер Безистенот во своите пазуви ги чува скапоцените ткаенини, кои се обвиткуваат околу телото што го стокмуваат." Според податоци на млетачкиот пратеник Бернард од 15 век во Битола биле изградени значајни објекти, односно Бујук-безистен (Голем безистен) и Чучук-безистен (Мал безистен), а Едвард Лир, англиски патописец за време на својата посета во 1838 година забележал: „Пазарите со луѓето претставуваат бескрајни калеидоскопи на слики со убавина во изобилство." Случки и настани во Безистенот се инспирација за пишување песни, па така м-р Валентин Соклевски, познат автор чии песни долго време се пеат, едно свое истражување преточува во песна за Ана, Еврејка од Битола што живеела во Еврејското Маало, населба што во средината на 16 век е формирана во градот со доселувањето на Евреите (Сефариди) во непосредна близина, североисточна страна на Безистенот. Во песната за Еврејката Ана, Соклевски пишува: „Беше убав ден, те сретнав првпат среде Безистен, толку убав ден, пред еден дуќан сиот накитен, редеше местрии, ми даде еден грст леблебии, рече пробај ги, за лични чупи се испечени."

Во Безистенот и денес чувствата се поинакви и различни од кој влезот во кој било современ маркет, голема или мала битолска продавница. Објектот плени, а потоа и растажува, затоа што поголем е бројот на затворени отколку отворени дуќани, велат битолчани, кои поради корона-кризата не можеа да отседнат во кафеаната на Трајче, ниту раат да прошетаат и да купат нешто од дуќанџиите, кои се секогаш ведри и расположени за прием на муштерии. Фреквенцијата на луѓе е значително намалена, а годинава најверојатно нема да има ниту туристи, кои, освен што купуваа, често се фотографираа во ова прекрасно архитектонско здание што импонира со својата масивност, вели нашиот соговорник Пеце, продавач на македонски сувенири.

Во меѓувреме, сјајот и отсјајот на Безистенот во Битола е неодминлива содржина во туристичките проспекти и водичи за градот.

Бабовски: До крај на јули може да се аплицира за добивање субвенции за земјоделството по Програма 2020 година

Почна аплицирањето за добивање субвенции за земјоделството, а крајниот рок за доставување на барањата е до 31- ви јули 2020 година, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски појаснува дека во овој период ќе се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади.

– Исто така до крај на месецот барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица, потенцира Бабовски.

Барањата за добивање на финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk. Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во Подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Директорот Бабовски, апелира при барање на помош од страна на вработените во Подрачните единици, барателите да користат заштитни маски и средства за дизинфекција, се со цел превенција и заштита од вирусот „COVID 19". Апликантите, подвлекува Бабовски, пред да ги потпишат поднесените барања, да направат проверка, дали сите мерки и култури им се впишани. Доколку апликантите увидат дека направиле пропуст или пак внеле погрешни податоци или увидат потреба од измена заради не соодвествување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да ги изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето."

Според него, како и досега, пари за субвенции за земјоделетвото има. На сите кои ги исполнуваат условите за користење на оваа поддршка, а согласно календарот за исплати во еден ден и без селекција им се исплаќаат парите.

– Така ќе продолжиме и во иднина. Агенцијата, заедно со МЗШВ и Владата, како и досега и во иднина ќе продолжи да креира мерки со кои директно ќе влијаеме во развој и модернизирање на домашниот агро сектор а со тоа и на намалување на производните трошоци и зголемување на домашно произведени земјоделски производи, директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.

Јован Митрески од Струга: Инвестициите во младите, се инвестиции во нашата иднина

Младите се движечка сила во ова општество. Јас јасно ги разбирам нивните проблеми и предизвици во сите области. До сега направивме напори да ги направиме младите приоритет во ова општество

Ко-носителот на листа во изборната единица пет - Јован Митрески оствари средба со младите во Струга и притоа ги презентираше мерките за поддршка на млади кои владата предводена од СДСМ ги презема во изминатиот период за поддршка и стимул на младинското вработување, младинскиот додаток и разввојот на претприемаштвото.

Младите се движечка сила во ова општество. Јас јасно ги разбирам нивните проблеми и предизвици во сите области. До сега направивме напори да ги направиме младите приоритет во ова општество

Од сега треба секој од Вас да го даде својот влог и младите да бидат тие кои ќе ги креираат политиките и на национално и на локално ниво.

Младите се приоритет на оваа влади и ќе останат да бидат.

Секој од Вас е важен во развојот на нашата земја затоа се гради држава во која младите ќе остануваат, ќе придонесуваат и ќе напредуваат.

На младите им се даде приоритет, место да се изразат, можност да бидат дел од креирањето политики и ова не застанува тука, рече Митрески.

притисни ентер