Во Битола отворена изложбата „All is dream" на уметникот Илиана Петрушевска

Во НУ Завод и музеј-Битола поместена е изложба „All is dream" чиј автор е Илиана Петрушевска, графички дизајнер во НУ Музеј на современата уметност – Скопје.

На изложбата презентирани се 48 дела, монотипии, со рачно изработена хартија.

Во изложените дела, централно е поставен кругот, каде низ колажи од стихови од познати музички композиции, филм, поезија , авторката на нејзин своевиден израз ја проткајува повеќеслојноста на идејниот концепт, посочуваат од битолскиот Музеј.

Илиана Петрушевска дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, автор е на самостојни и групни изложби, а за својата уметничка работа често е наградувана.

Изложбата „All is dream" изложена во малата сала на НУ Завод и музеј-Битола ќе биде отворена до 4 ноември.

притисни ентер