Фото: Сексапилната новинарка позираше на село

Убавата италијанска новинарка Диела Леота е апсолутна ѕвезда во својата земја.

Леота го задржува сечие внимание со нејзиниот изглед, а секојдневно на Инстаграм објавува интересни фотографии.

Овој пат таа своите фанови ги почести со фотографија од село, на која таа позира во розов фустан. Оваа атрактивна водителка на Инстаграм ја следат повеќе од 4 милиони луѓе, а неодамна се најде и во скандал кога објавија нејзини голи фотографии. Сепак таа не обрнуваше внимание на тоа и продолжи да си ја работи својата работа.

A bordocampagna 🤣🍀

A post shared by 🌸Diletta Leotta🌸 (@dilettaleotta) on

Зголемено нивото на Вардар кај Демир Капија и на Дојранскот Езеро

Зголемено ниво во однос на јулскиот просек има реката Вардар кај Демир Капија, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Кај останатите реки во државава се бележи ниво под просекот. Зголемено ниво е регистрирано и на Дојранското Езеро./МИА

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска информираа дека товарното возило се движело по земјен пат од село Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци.

Синоќа во 23:40 часот во атар на село Стојаково полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција – Југ при Бирото за јавна безбедност забележале товарно возило „даф" со скопски регистарски ознаки, во кое пронашле 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан.

Од МВР денеска информираа дека товарното возило се движело по земјен пат од село Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци.

– Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица, стои во соопштението од МВР.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава./МИА

Скопското обвинителство поведе постапка за 12 лица кои не ги почитувале здравствените прописи​

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за издавање казнен налог против вкупно 12 лица за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија" од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, како што соопшти ЈО, не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање и спречување на ширењето на заразната болест КОВИД-19. Тие не ја почитувале одлуката на Владата за забрана на групирање на повеќе од пет лица на јавни површини.

Надлежниот јавен обвинител предложи на секој од обвинетите да му биде изречена парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​ /МИА

притисни ентер