Хамер би можел да се врати во 2021. година, но како електричен модел

Десетина години откако Џенерал Моторс го прати во пензија чуениот теренец, пристигна вест за наследникот на Хамер.

Сепак трендовите се менуваат, па новата генерација на Хамер би имала електричен погон.

Како што пренесува „Ројтерс“, „Џенерал Моторс“ би можел да го искористи познатото име за серија електрични камионети кои би се произведувале во фабриката Детроит-Хамтамк на овој американски произведувач на автомобили.

Производството би требало да започне кон крајот на 2021. година, а би требало да се уложат и 3 милијарди долари во погонот за да се оспособи за склопување на новите Хамер возила.

Не се познати многу детали за идниот обновен Хамер, но се наведува дека возилата од новата генерација ќе припаѓаат на премиум сегментот.

Видео: Јелена Карлеуша евакуирана од хотел поради пожар

Српската пејачка Јелена Карлеуша заедно со своето семејство летува во Турција.

Таа на својот Инстаграм профил сподели дека се запалила шумата покрај хотелот во кој престојувале.

Поради ова била побарана итна евакуација на гостите од сите околни хотели.

Јелена Карлеуша целиот настан го снимила и го објавила на Инстаграм, а на видеото можат да се чујат и гласови на други гости од хотелот кои се во паника.

„Нема да верувате што се случува во нашиот фенси хотел, се годи. Само што дојдоа да не евакуираат. Еве, јас сум тука со децата. Да знаете, ова е хаос“, вели Карлеуша додека ги смирува децата.

Инаку шумскиот пожар во Турција започна вчера и го зафати југот на земјата.

Пекинг регистрира прв случај на коронавирус по шест месеци

Пекинг го забележа првиот случај на коронавирус за речиси шест месеци или првиот случај по 179 дена, јави Си-Ен-Ен.

Веднаш по првиот, пријавен е уште еден. Станува збор за маж и жена кои неодамна престојувале во град во провинцијата Хунан, каде се пријавени неколку случаи на инфекција на Делта сојот.

Сите контакти на заразената двојка се ставени во карантин.

За последните 24 часа во Кина се регистрирани 49 нови случаи, додека 86 случаи беа регистрирани претходниот ден.

Седница на ИО на СДСМ: Дефинирани уште пет кандидати за градоначалници

​Вечерва на седница на Извршниот одбор на партијата, беа дефинирани уште неколку кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.

По спроведените испитувања на јавното мислење, по истражувањата и анализите во органите на партијата и секако по консултација со членовите, вечерва дефинирани се дополнителни пет кандидати за градоначалници.

1. Ѕвонко Пекевски – Берово

2. Борис Георгиевски – Гази Баба

3. Јасмина Гулевска – Могила

4. Тони Делков - Неготино

5. Даниел Крстевски - Ранковце

Ова се кандидатите кои Извршниот одбор, раководството на партијата, ги дефинираше заедно со граѓаните и членовите на партијата од овие општини.

Токму граѓаните знаат која личност е најдобрата опција за нив и затоа токму заедно со граѓаните ја создаваме најдобрата кадровска понуда за секоја општина.

Анализите, истражувањата на јавното мислење и консултациите продолжуваат и во овој период. Како што најавивме и претходно, фазно, до крајот на август, ќе ги објавиме кандидатите за сите општини во кои СДСМ ќе настапи со свои кандидати.

СДСМ е и останува прв во промените, прв во храбрите одлуки и чекори и така ќе биде и на овие локални избори.

СДСМ го носи најдоброто за секој општина, најдоброто за нашата држава и тоа е препознаено и од граѓаните.

Затоа расте довербата на граѓаните, затоа СДСМ има убедливо водство на сите релевантни анкети.

Граѓаните знаат дека само со СДСМ е можен развојот на општините, дека само со СДСМ е можен напредокот на државата и затоа на изборите во октомври граѓаните повторно масовно ќе ја дадат довербата на концептите на СДСМ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер