Рускиот премиер Медведев во Белград

Русија е подготвена да и ја пружи целата неопходна поддршка на Србија во зачувувањето на територијалниот интегритет, порача рускиот премиер Дмитриј Медведев, обраќајќи се во српското Собрание.

Тој истакна дека му е драго што по 10 години повторно се обраќа во српскиот парламент. Од тогаш нашите односи не се променија, оцени Медведев, кој вечерва ќе се сретне и со претседателот Вучиќ. Тој пред посетата на Белград изјави дека Русија ги гледа тековните процеси и притисоците на Приштина, поради тоа што како што оцени, таму на власт дошле ултранационалисти. Неопходно е внимателно да се следи што се случува, бидејќи очигледно е дека Балканот и понатаму останува турбулентен регион, изјави тој за „Вечерње новости“.

Чулев: Вкупно 27.326 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 444 прекршоци во изминатото деноноќие

На територијата на целата држава на вкупно 197 лица им се издадени решенија за изолација, а четири лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициските службеници досега се констатирани вкупно 27.326 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 444 прекршоци во изминатото деноноќие, објави денеска на неговиот ФБ профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие се извршени 99 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на Владата.

– На територијата на целата држава на вкупно 197 лица им се издадени решенија за изолација, а четири лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани две лица кои не ги почитувале овие мерки, објави министерот Чулев.

Министерот Чулев на неговиот ФБ профил уште еднаш апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички, како што напиша, да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.

Силен земјотрес почувствуван во Мостар и околината

Граѓаните на Мостар и Херцеговина денеска во 11 и 45 часот почувствувале силен земјотрес.

Според информацијата на ЕМСЦ апликацијата, која бележи потреси, земјотресот се почувствувал во Херцеговина и Хрватска.

Првичните информации на апликацијата ЕМСЦ велат дека епицентарот на потресот со јачина од 4,2 степени според Рихтер бил 13 километри од Мостар.

ЕУ со нова испорака на 65.000 хируршки маски за Македонија, Црна Гора, Србија и Хрватска

Еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, порача дека дополнителни 65.000 заштитни маски ќе им бидат испратени денеска на овие четири земји.

Европската Унија денеска со нова испорака на хируршки маски ФФП2 за четири балкански земји, Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора преку механизмот РескЕУ за хуманитарна помош и управување со кризи, јави дописничката на МИА од Брисел.

РескЕУ е посебен механизам за брза реакција во итни ситуации, кој на почетокот на кризата со коронавирусот има улога да конституира резерви на медицинска опрема и да го координира нивното испорачување помеѓу земјите членки на ЕУ и земјите кои учествуваат во РескЕУ, меѓу кои е и Македонија.

Еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, порача дека дополнителни 65.000 заштитни маски ќе им бидат испратени денеска на овие четири земји.

-Иако констатираме позитивен развој на пониски стапки на инфекции во некои области, повеќе треба да се направи за да се спречи натамошно и ново ширење на коронавирусот, а заштитните маски се суштински во оваа борба, рече Ленарчич.

Комесарот и за заблагодари на Романија, која ја води целата операција на испорачување на овие маски во регионот.

Освен овие нови 65.000 маски, ЕУ веќе има доставено 370.000 заштитни маски на земји на кои им се потребни. Романија и Германија се првите земји кои прифатија да бидат одговорни за резервите на нивна територија. Операциите се целосно финансирани од страна на Европската Комисија.

притисни ентер