Како против современиот начин на живот – Секое трето дете во Македонија е со вишок килограми

Децата претставуваат нашата иднина, за да им овозможиме убава, здрава и лесна иднина, потребно е децата да имаат балансиран тип на исхрана, редовни спортски активности, вежби или прошетки.

Ова е пораката на др. Соња Ралева, лекарка и специјалист во Школски диспанзер до родителите по објавеното истражување од СЗО дека повеќе од третина од децата на возраст од шест до осум години кои одат во второ одделение во државава имаат зголемена телесна тежина или дебелина. Според др. Ралева има неколку главни фактори кои придонесуваат за дебелина кај децата.

Здравиот начин на исхрана вели Ралева, вклучува ограничување на внесот на енергија од вкупните масти и шеќери, како и зголемување на консумацијата на овошје и зеленчук, како и мешунки, интегрални житарки и ореви и редовна физичка активност.

Според податоците на Европската иницијатива на СЗО за следење на дебелината кај децата, од 2016 година, со која биле опфатени 40 земји, државава го зазема 10-тото место. Се проценува дека во светот има повеќе од 150 милиони деца со прекумерна телесна тежина и доколку не се преземат неопходните мерки на претпазливост, бројот ќе се зголеми на 250 милиони до 2030 година.

,,Џокер” го менувал името како дете и бил член на секта

Актерот кој во моментот е мега популарен по улогата на Џокер , Хоакин Феникс до сега го криеше својот приватен живот.

Познато е само дека од 2016 година, Феникс е во врска со актерката Руни Мар, а годинава се верија.

Тимот на списанието „Ел“ го истражи минатото на актерот и откри интересни факти за него што веројатно не сте ги знаеле.

Кога бил дете, Хоакин беше љубоморен на интересните  имиња на неговите браќа и сестри, Ривера (река), Рајна (дожд), Сумер (лето) и Либерти (слобода), па реши да го смени неговото име во Лиф (лист). Сепак, ова не траело долго, па на 11-годишна возраст си го вратил името Хоакин.

Сите членови на неговото семејство членувале во  сектата Деца Божји (Children of God), и живееле извесно време во сиромаштија во Венецуела. За среќа, родителите на актерот сфатиле дека водачот на сектата е опасен и злобен, па се вратиле во Америка. Покрај тоа, подоцна се дознало дека некои членови на сектата сексуално го злоставувале братот на Хоакин , Ривера. За да не ги поврзуваат  со таа секта, го смениле своето презиме во Феникс.

Феникс е веган уште од детството и не сака да носи ништо од животинско потекло на себе. Тој е голем борец за правата на животните, а на снимањето за Прада, одби да носи вистински кожни чевли.

Хоакин Феникс откри дека секогаш има трема  кога снима филм и токму затоа се поти толку многу што во рок од еден час менува дури по неколку маици.

Тој никогаш не ги гледа своите филмови . Имено, актерот смета дека гледањето филмови во кои игра може негативно да влијае на неговата понатамошна работа и затоа никогаш не ги гледа. Така прават и неговите колеги Џони Деп и Мерил Стрип.

Брат му на Хоакин , Ривер Феникс стана sвезда во детството со филмовите Stand by Me и My Own Private Idaho”. За жал, на 23-годишна возраст, почина поради предозирање, поради што Хоакин се повлече од актерската сцена за некое време.

Позната манекенка целосно го смени имиџот (ФОТО)

Покрај тоа што е позната дека со години експериментира со стилотна облекувањето , манекенката Кара Делевињ сака да ги менува и фризурите.

Иако е најпозната како блондинка , Кара сега премина на ,,темната страна” и тоа во целост.

Како што нејзината фризерка Мара Розак објави на својот Инстаграм, манекенката стана црнка и ја замени малку подолгата коса со популарна боб фризура.

Кара изгледа скоро непрепознатлива со својата нова фризура, а многу нејзини обожаватели ја поздравија одлуката и и рекоа дека доста потсетува на Руни Мару во „Девојчето со тетоважа со змеј“.

Инаку, Мара Розак потврди дека на фотографиите Кара носи перика, што било тест за вистинска промена на фризурата на манекенката.

Поради измама, откажан е концертот на Енрике Иглезијас во Загреб

Концертот на Енрике Иглесијас, кој требаше да се одржи во Арената во Загреб за само дваесет дена, е откажан поради измама, како и во Рига и во Минск.

Медиумите денеска известуваат дека зад организацијата на многу очекуваниот и најавуван концерт на светска поп-sвезда, цело време бил лажен организатор АртБГ.

Покрај во Загреб, откажани се и концертите во Литванија и Белорусија. Во изјавата објавена на веб-страницата на латвиската агенција, Балесу Сервис се вели дека промотерите „не ја исполниле својата страна од договорот за организација“, а Полстар открива дека ова не е прв ваков инцидент.

АртБГ, понатаму напишаа, се претставуваше како локален промотор и за други уметници, а по концертот тој ќе ги „земе парите и ќе си замине“, што го потврдија и контактите во Атина каде се одржа концертот на Брајан Адамс.

„За жал, по внимателно разгледување на сите можни алтернативи, бевме принудени да ги откажеме претстојните настапи во Загреб, Рига и Минск. АртБГ, продуцентот и организатор на настанот, не успеа да ги исполни договорните обврски со салите и сите елементи за овие три настани, безбедноста на нашите фанови и персоналот е приоритет, а не можеме да ја гарантираме, освен ако промоторот не ги исполни своите обврски “, се вели во соопштението.

Промоторите, наводно, доаѓаат од Бугарија, а откажувањето беше огромно разочарување за фановите на Енрике. На веб-страницата „Eventim“ каде беа достапни билетите денеска има кратко соопштение дека концертот е откажан и допрва треба да се открие што се случило со оние кои веќе купиле билети.

притисни ентер