Јанушев: Продолжуваме уште посилно од сега

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде меѓу граѓаните.

Денес сме во Крива Паланка каде што имаме огромен одѕив на граѓани кои се дојдени овде во акцијата „Разговори за обнова на Македонија“. Да ги искажат своите проблеми, за кои што ние како политичка партија земаме обврска да понудиме решенија во новата изборна програма.

Она што имавме прилика да го видиме, да се случува деновите е всушност нешто што наназад некој период го кажувавме, и го соопштувавме и апелиравме всушност до криминално рекетарската влада на Заев е дека без вистински реформи Македонија не може да се придвижи напред.

За жал, на штета на сите граѓани на Република Македонија, едноставно беа со оваа одлука казнети поради погрешните политики на Зоран Заев.

Она што го очекуваме во следниот период имајќи во предвид за каков човек станува збор, нема да не изненади доколку излезе и всушност целата вина се обиде да ја префрли на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓутоа нашиот народ е свесен што се случува така да сметаме дека еден ваков обид ќе биде само всушност јалов обид за обид за дефокусирање повторно на јавноста.

Продолжуваме уште посилно од сега. Продолжуваме со нашата кампања за обнова на Македонија и за многу брзо се она што ќе имаме прилика да го слушнеме од граѓаните, ќе излеземе не само со програма туку и по формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ тоа да го реализираме, и да овозможиме подобар живот за граѓаните на оваа држава.

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Најдобрите модни изданија на Меланија Трамп

Модна икона која дамите сакаат да ја копираат...

Сопругата на Доналд Трамп отсекогаш важела за дама чијшто моден избор заслужува аплауз.

За време на престојот во Белата куќа, Меланија Трамп стана позната по своите елегантни и софистицирани модни изданија. Како поранешен модел, Меланија отсекогаш привлекувала внимание со својот моден избор, а како прва дама на Соединетите Американски Држави, нејзиниот стил беше уште повеќе во фокусот на јавноста.

Нејзиниот совршен син фустан во комбинација со долгите ракавици во истата боја на инаугурацијата на нејзиниот сопруг во јануари 2017 година, ќе се памети уште долго.

Меланија својот европски шарм и софистицираност ги донесе во Белата куќа.

Изборот на нејзината гардероба беше внимателно следен, а многу нејзини модни изданија беа копирани.

За време на мандатот на нејзиниот сопруг, Меланија носеше креации на бројни светски модни брендови, од „D&G“ до „Шанел“, но исто така поддржуваше и помалку познати дизајнери. Често се зборуваше дека по Џеки Кенеди, сопругата на Доналд Трамп е најдобро облечена прва дама на САД, но имаше и такви кои изјавија дека убавата Меланија сепак ја надминала Џеки Кенеди во тој сегмент.

Меланија вешто си поигрува со стиловите и неофицијално е позната како икона на софистицираниот стил. Покрај фустаните од сите должини, таа носи панталони и здолништа, а модниот додаток од кој ретко се откажува е ременот. Предност дава на широките ремени кои ја истакнуваат нејзината беспрекорно витка линија.

Исто така, треба да се спомене и нејзината љубов кон капутите, особено оние во светли бои. Чевлите со високи потпетици речиси секогаш се дел од нејзиниот моден избор, иако убавата Словенка остава впечаток и кога ќе се појави во опуштена облека во неформални ситуации, на пример, патики во комбинација со фармерки и карирана кошула.

Поранешната прва дама води сметка и кога е во прашање изборот на фустани. Секој модел што го носи зрачи со елеганција и таа му дава свој личен печат. Нејзиниот изглед во гламурозниот црвен фустан „Живанши“, што го носеше на средбата со членовите на кралското семејство, ќе се памети уште долго. Во таа прилика, нејзиниот сопруг, исто како и кралот Чарлс Трети, носеше смокинг, додека сопругата на кралот Камила беше облечена во свечен бел фустан.

Дека Меланија не бега од црвената боја, доказ е и црвениот фустан до над колена со интересни ракави. Тешко е да се одлучи која од овие две креации подобро ѝ прилега.

Иако Меланија Трамп ја напушти Белата куќа, нејзиното влијание како модна икона сè уште трае. Нејзиниот софистициран и храбар моден стил го одбележа нејзиниот престој во Белата куќа и влијаеше врз идните генерации жени кои ја ценат елеганцијата и оставаат свој личен печат на сè што носат.

Внимателно избирајте го појадокот, и заради вашето здравје и заради убавината

Изборот на јаглехидрати влијае на привлечноста...

Доколку сте љубител на белиот леб, немаме добри вести за вас.

Иако преработената храна е повкусна, таа истовремено е нездрава, особено ако ја консумираме секојдневно во поголеми количини, но истата се одразува и врз изгледот на нашето лице.

Студија на група француски научници во која биле вклучени 103 Французи покажала дека внесувањето рафинирани јаглехидрати влијае врз привлечноста на лицето, пренесува neurosciencenews.com.

Оваа студија, исто така, откри разлики специфични за половите и тоа како консумирањето грицки влијае врз привлечноста.

Резултати:

1. Врската помеѓу храната и привлечноста: Лицата кои консумирале појадок со висок гликемиски индекс имале пониски оценки за привлечноста на лицето, што укажува на тоа дека исхраната има влијание врз убавината на лицето.

2. Разлики специфични за половите: Мажите и жените различно реагираат на внесувањето на грицки со висок гликемиски индекс.

3. Пошироки импликации: Истражувачите истакнуваат дека се потребни понатамошни истражувања за да се утврди како рафинираните јаглехидрати можат да влијаат на привлечноста и на другите социјални особини, и покрај она што го знаеме за нивните здравствени ефекти.

Во студијата, истражувачите на некои од учесниците им дале појадок со висок гликемиски индекс - рафинирани јаглехидрати кои го зголемуваат шеќерот во крвта - додека на други им дале појадок со низок гликемиски индекс.

Појадокот со рафинирани јаглехидрати се состоел од француски багет, направен од индустриско бело брашно, со џем, сок од јаболко или портокал, чај или кафе со шеќер. Оброкот со нерафинирани јаглехидрати се состоел од леб направен од интегрално брашно, со путер и сирење, портокал или јаболко, и чај или кафе без шеќер.

Учесниците, исто така, пополниле прашалник за да бидат проценат нивните типични навики во врска со консумирањето јаглехидрати. Два часа по појадокот, хетеросексуални доброволци ја оценувале привлечноста на лицето кај учесници од спротивен пол.

Резултатите покажале дека појадокот со висок гликемиски индекс е поврзан со пониски оценки за привлечноста на лицето, и кај мажите и кај жените. Исто така, истражувачите истакнуваат други фактори кои влијаат врз привлечноста: вистинската возраст, пушачките навиките, масениот индекс, перцепираната возраст и влакнетоста на лицето.

Авторите додаваат дека непосредното и хронично консумирање на јаглехидрати влијае врз привлечноста на лицата кај двата пола, а тоа е важен фактор во социјалните интеракции.

Освен тоа, западниот начин на исхрана кој вклучува обработена храна со ниска хранлива вредност се поврзува со дебелината, дијабетесот и кардиоваскуларните заболувања.

притисни ентер