Женска птица јастреб спасена од посериозна повреда во селото Тработивиште

Женска птица од видот јастреб e спасена од посериозна повреда во близина на селото Тработивиште. Птицата ја нашле мештани кои ја згрижиле, а потоа побарале помош.

Прв за случајот бил информиран планинарот Љупчо Чучуковски, кој вели дека најверојатно се работи за женска птица од родот јастреб, која често може да се сретне во близина на околните планини над село Тработивиште.

– Се работи за женски јастреб на возраст од околу три години, висока околу 50 сантиметри, тешка повеќе од еден килограм и со распон на крилјата поголем од 120 сантиметри. При мојата посета на местото каде е згрижена, констатирав дека едното крило на птицата и е скршено и дека треба да се лекува, за да може да преживее, на што луѓето се согласија. Луѓето кои ја пронашле птицата имаат желба да се грижат за истата, за што посебно сум среќен, вели Чучуковски.

По ова, Чучуковски стапил во контакт со ветеринар, кој во текот на следната недела ќе интервенира со цел целосно да биде санирана повредата на птицата.

– Бидејќи птицата веќе е во стабилна состојба, се договоривме со докторот, наредната недела да преземе хируршки зафат, по што се надевам дека птицата ќе биде во ред, но сепак ќе нема да може да лета, бидејќи крилото претрпело посериозна повреда. По мое мислење, истата најверојатно е гаѓана со пушка, а потоа бидејќи била падната во тревата и прегазена со автомобил, додава Чучуковски.

Јастребот е ретка птица во регионот, а главно место на гнездење им е над браната Лошана, која се наоѓа на пет километри над селото Тработивиште во општина Делчево. Во сличен ваков случај, пред една недела беше спасен белоглав мршојадец во Малешевијата. /МИА

Газета дело Спорт: Пиоли би можел да добие отказ од Милан доколку биде елиминиран од Рома во ЛЕ

Стефано Пиоли би можел да го напушти Милан доколку Рома го исфрли од Лигата на Европа.

Во првиот натпревар од четвртфиналето во второто по квалитет клупско фудбалско натпреварување во Европа, Рома на гости го победи Милан со 1:0.

Според „La Gazzetta dello Sport“, иднината на Пиоли во Милан зависи од исходот на реваншот, како и од резултатот на натпреварот со Интер во Серија А. Се забележува дека натпреварот со Рома ќе има посериозно влијание врз кадровските одлуки.

Доколку Милан се пласира во полуфиналето на Лига Европа, иднината на Пиоли во клубот нема да биде загрозена.

Во случај на оставка важна улога во изборот на нов тренер ќе има мислењето на Златан Ибрахимовиќ.

Пиоли е во Милан од 2019 година. Под негово водство тимот стана шампион на Италија во сезоната 2021/22. /МИА

Вучиќ го осуди нападот врз хрватските граѓани во Панчево

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска го осуди физичкиот напад врз четворица хрватски државјани во Панчево минатиот викенд и додаде дека надлежните органи ќе направат сè за да ги гонат одговорните за тој инцидент.

„Тоа е недозволиво, никаде не смее да се случи такво нешто, ниту кај нас, ниту во регионот“, рече претседателот на Србија на отворањето на Бизнис саемот во Мостар.

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска претходно испрати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево.

Хрватска упати протестна нота до Србија поради нападот врз нејзини граѓани во Панчево

 Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Србија во врска со физичкиот напад врз четворица хрватски државјани минатиот викенд во Панчево, соопштено е денеска во Загреб.

„Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска упати протестна нота до Република Србија во врска со неиспровоцираниот тежок физички напад што се случи на 13 април во Панчево, врз четворица хрватски државјани, како и врз двајца српски државјани кои дошле во нивна одбрана“, се вели во соопштението на министерството.

Хрватското Министерство најостро го осуди тој чин, кој, според достапните информации, е јасно национално и етнички мотивиран.

притисни ентер