Политико: Лидерите на ЕУ лути поради противењето на Макрон за старт на преговорите

Противењето на францускиот претседател Емануел Макрон за почеток на пристапните преговори со Македонија и Албанија ги разлути лидерите на ЕУ, оценува бриселскиот портал Политико во својот осврт на вчера завршениот Европски совет.

Порталот посочува дека некои лидери на ЕУ се обидувале да ги убедат другите да се согласат на старт на преговорите за членство со двете балкански држави, наведувајќи аргументи кои се движеле од стратешката важност на регионот, па до напредокот на кандидатите во решавањето спорови и воспоставувањето на правната држава.

Тие предупредуваа дека одбивањето на почетокот на преговарачкиот процес со двете земји ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ и дека од таквата состојба полза ќе имаат „ривалските сили на Балканот", како Кина, Русија, Турција и Саудиска Арабија, наведува Политико.

– Ваквиот исход беше особено негативен за Македонија, на која уште пред 10 години Европската комисија и ја даде првата препорака за преговори за членство. Со години европскиот пат на земјата, која се нарекуваше Македонија, беше блокиран од Грција, која тврдеше дека нејзиното името имплицира неоправдани претензии кон грчката територија и културно наследство. Откако во Скопје на власт дојде новата Влада, земјата постигна договор со Атина, кој опфаќаше и промена на името. Но, со конечно надминување на грчките приговори, земјата сега наиде на блокада од друга земја членка – Франција, се додава во анализата.

Политко тврди дека Германија, која била меѓу 25-те земји членки кои биле за започнување преговори за членство и со Македонија и со Албанија, се обидела, но не успеала да ја убеди Франција да се предомисли.

– На крајот, единствената работа за која лидерите можеа едногласно да се договорат за ова прашање беше една реченица: „Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за проширување пред самитот ЕУ – Западен Балкан во Загреб во мај 2020 година", наведува порталот.

Сепак, според Политико, некои аналитичари сметаат дека ова прашање би можело да се најде на агендата на следниот редовен Самит на ЕУ во декември, идеја што ја подржува и идниот претседател на Европскиот совет и актуелен белгиски премиер Шарл Мишел.

Но, смета порталот, тоа би можело да биде прерано за да се очекува реална перспектива за каква било промена во францускиот став.

– Некои дипломати велат дека голем дел од отпорот на Макрон е поврзан со стравувањата дека темата би можела да ја искористи екстремната десница и тие очекуваат позицијата на Франција да омекне по локалните избори во март следната година, се додава во текстот.

Политико на крајот пренесува став на дипломат кој оценува дека ако Франција остане на сегашната позиција, Македонија и Албанија „би можеле да станат Швајцарија и натаму да не добијат зелено светло за старт на преговорите./МИА

ОН: Во 2023 бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто

Обединетите нации објавија дека во 2023 година бројот на случаи на сексуално насилство во конфликти е зголемен за 50 отсто во однос на претходната година, пренесува Анадолија.

Во Советот за безбедност на ОН се одржа седница за сексуално насилство во конфликти.

Прамила Патен, специјална претставничка на генералниот секретар на ОН за сексуално насилство во конфликтни зони, го објави 15-тиот годишен извештај на генералниот секретар Антонио Гутереш за сексуалното насилство во конфликти.

Таа истакна дека има невиден пораст на милитаризацијата низ светот.

- Додека жените и децата гладуваат, воените трошоци ширум светот истовремено надминаа 2,2 трилиони долари. Додека буџетите за хуманитарна помош се намалуваат, оружјето продолжува да се доставува до криминалците, а жртвите продолжуваат да страдаат, рече Патен.

Таа нагласи дека ОН регистрирале вкупно 3.688 случаи на сексуално насилство во конфликти во текот на 2023 година.

Патен рече дека сексуалното насилство особено ги погодува жените и децата. Таа додаде дека и израелските сили вршат сексуално насилство врз Палестинците.

- Според информациите потврдени од ОН, на окупираниот Западен Брег, жените и мажите приведени од израелските сили по 7 октомври биле изложени на злоупотреба, вклучително и сексуално насилство. Слични обвинувања има и во Газа, рече Патен.

Амбасадорката на добра волја на ОН и актерка Данаи Гурира не можеше да ги задржи солзите во својот говор, истакнувајќи дека сексуалното насилство продолжува да расте во светот и покрај сите напори на ОН. /МИА

Во Шуто Оризари, тече мирно изборниот процес

Канал 5 го следи изборниот процес во Општина Шуто Оризари.

Во основното учлиште „26 јули“ е Дејан Трајковски.

Како тече изборниот процес во оваа Општина?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Прв круг претседателски избори: За гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи

Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи.

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава Канал 5 беше на отворањето на гласачките места во Општина Карпош ,а во моментов нашите екипи се на две избирачки места, едната е на гласачкото место во средното учлиште Јосип Броз Тито и другата во основното учлиште 26 јули во населбата Шуто Оризари.

Во Центар е Игор Манасивски. Целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер