Де Прето: Со еден заглавен камион на граница заглавувате цела економија

Едноставниот начин да се реши корупцијата со која се соочуваат превозниците на границите е да се решат условите што водат кон корупција. 

Ако на една граница видите 20-километарски редици, тогаш тоа е средина што сама по себе помага појава на корупција. Кога имате заглавен камион на граница, тоа не е само еден камион, туку е заглавена една цела економија.

Тоа го порачува во интервју за МИА генералниот секретар на најголемата транспортна асоцијација во светот Меѓународната унија за патен транспорт (ИРУ) Умберто де Прето, кој учествуваше на Генералното собрание на Унијата на патни транспортни асоцијации од Црноморскиот Регион BSEC-URT што се одржа во Скопје, во организација на СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, која како полноправен член заедно со асоцијациии од Турција, Молдавија, Романија, Грција, Србија, Албанија, Бугарија и Украина.

Што значи за работата на нашата транспортна заедница одржувањето на Генералното собрание на BSEC-URT и какви пораки можеме да очекуваме?

-Прво треба да се утврди кои се главните проблеми што го попречуваат транспортот во Македонија, како да ја зголемиме трговијата помеѓу земјите од БИСЕК како таа дополнително да се зголеми со ЕУ и со Блискиот Исток. За да го постигнеме ова треба да видиме колку можеме да заштедиме во чекањето на граничните премини. Транспортерите да минуваат на границите за минута, а да не мора да чекаат со часови, денови, а понекогаш и со недели. Кога имате заглавен камион на граница, тоа не е само еден камион, туку е заглавена една цела економија. Во транспортот времето е од огромно знаење бидејќи значи пари, а ако го намалиме времето на чекање, ќе ја зголемиме конкурентноста во земјата. Сега ги разгледуваме препреките за растот на економијата во Република Македонија, односно како ние како Бисек и како ИРУ можеме да соработуваме и како со јавно-приватно партнерство во соработка со владите да ги идентификуваме проблемите и да најдеме решение за нив. Имате одличен претставник, претставени сте од АМЕРИТ, којшто ќе се бори за вас на меѓународно ниво, а ние ќе ги посоветуваме со најдобрата практика како ефикасно и добро да ја извршат оваа работа.

Покрај отстранување на пречките за побрз проток на стока и подобрување на патната инфраструктура превозниците велат дека голем проблем е корупцијата. Што е решението за тоа?

– Апсолутно дека има решение. Едноставниот начин да се реши корупцијата на границите е да се разрешат условите што водат кон корупција. Ако на една граница видите 20-километарски редици, тогаш тоа е средина што сама по себе помага појава на корупција. Ако јас сум последниот во 20-километарската редица, дефинитивно имам мотивација да му дадам бакшиш на тој што мислам дека треба. Затоа сакаме да воведеме е-тир, тоа е електронски систем и наместо со хартии и документи да треба да се оди до цариникот сè да се реши преку интернет предвреме. Сега се вратив од Саудиска Арабија каде што сакаат да го воведат овој систем, односно во сите земји во Заливот наместо камионот да чека да си ги пополни сите документи на интернет, да застане многу кратко и цариникот да се увери дека тоа е камионот и да си помине. Сакаат да го користат електронскиот тир за да се олесни трговијата, таа да биде побезбедна и да се намали корупцијата.

Ја потенцирате соработката со владите за добри решенија за транспортот…

-За да се подобри економијата и прашањата од животната средина ни треба добро решение за транспортот и добро е што има развиена свест и политичка подготвеност. Еден од тие начини е развојот на јавно-приватно партнерство, а доказ за тоа е соработката со АМЕРИТ. Многу сум задоволен што Македонија сака да соработува со АМЕРИТ и со БИСЕК и да се отвори плодна зона на сорабока во БИСЕК-земјите и земјите од Блискиот Исток.

Колку се слуша гласот на транспортните асоцијации кај носителите на политичките одлуки кои на крај се најважни за да се подобрат условите за работа?

-Во земји каде што имаме наши членови тие соработуваат со Владата и економијата им е во добра состојба. Мислам дека тука кај вас АМЕРИТ прави солидна цврста соработка со Владата за да може да тргнат работите. Кога приватниот сектор не соработува добро со владите, очигледно е дека тогаш економијата стагнира. Најпросперитетните економии во светот се оние каде што приватниот сектор и Владата соработуваат рамо до рамо затоа што имаме иста цел-раст на економијата и развој и прогрес за сите.

Како им помага ИРУ на транспортните асоцијации?

-Ќе продолжиме да ги поддржуваме активностите на БИСЕК. ИРУ работи и надвор од регионот на БИСЕК. Сега дојдов од регионот на Саудиска Арабија каде што се сретнав со гувернерот за царини и зборував за тоа како во земјите од Блискиот Исток да имаме зелени ленти за сите видови сообраќај и како целиот сообраќај да се одвива по електронски пат. Зборувавме и за трговски маршрути, од Емиратите преку Саудиска Арабија, преку Ирак да се дојде до Турција, а потоа да се дојде и до Црното Море. Отвораме можности не само во Црноморскиот Регион, туку и поширокот. Исто така соработуваме со властите овде во Македонија за да видиме како може да се дадат поголеми можности за туризмот и за трговија за сите овие земји./МИА

Уапсен малолетник од Тетово кој одзел автомобил

- Полициски службеници ноќеска уапсиле малолетник во Тетово, кој украл возило „фолксваген пасат“. Возилото и е вратено на сопственичката, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Ноќеска, во 02.05 часот во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода малолетник. Тој се сомничи дека околу 01.00 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовката М.С.(46), по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовецот Ш.С.(45), информираат од МВР.

Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

Храната што децата ја јадат влијае на нивниот развој, но и на развитокот на врските во нивниот мозок, објави списанието „Педијатрикс“ (Pediatrics).

Насоките на Американската академија за педијатрија (ААП), ги наведуваат протеините, цинкот, железото, фолатите, одредени витамини и незаситените масни киселини како најважни хранливи материи за бебето. Имено, исхраната во којашто недостасуваат овие хранливи материи може да доведе до доживотни последици во работењето на мозокот. Д-р Сара Џејн Шварценберг од Комитетот за исхрана на ААП вели дека се препорачува доењето да трае до околу шестмесечна возраст. После тоа, мајчиното млеко не ја обезбедува доволната количина железо и цинк што им е потребна на бебињата кои растат.

- И друга храна за бебиња е збогатена со цинк и железо, но пасираното месо е добар природен извор на овие хранливи материи. Житарките за доенчиња исто така се збогатени со овие хранливи материи и можат да бидат добра прва храна за бебињата, појасни д-р Шварценберг.

Кога ќе потпорасне, најдобра исхрана за едно дете е онаа разновидната - со малку месо богато со протеини, но и овошје и зеленчук коишто содржат разни и различни витамини и минерали.

- Доенчињата се многу чувствителни на недостаток на хранливи материи. Нивниот мозок се развива со висока стапка меѓу првата и втората година, така што педијатрите треба да препорачаат здрава палета на храна, додава лекарката.

Истражувањата покажуваат дека раната здрава исхрана е важна за развој на здрав мозок. Ако тоа се одложи, има помала можност за надоместување на изгубеното време потоа, според стручњаците. /МИА

Српската опозиција и предложи на Брнабиќ локалните и белградските избори да се одржат наесен

Пратениците од коалицијата „Србија против насилството“ на претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ и доставија предлог за измени на Уставниот закон, со кои се предлага локалните и белградските избори да се одржат истовремено, на есен.

Во документот испратен до Брнабиќ, се наведува дека Србија се наоѓа во сложена уставна криза, која има своја меѓународна димензија идека изборите во претходните години беа систематски поделени на термини во кои се избираат собранија на единиците на локалната самоуправа и затоа нивниот предлог е сите избори за единиците на локалната самоуправа да се одржат во ист ден, во 2024 година.

Во документот што го објави Нова с, пишува дека изборите за Собранието на Град Белград и собранијата на сите општини, градови и општини во Србија треба да се одржат истиот ден шест месеци од стапувањето во сила на последен пат донесен закон најрано, а најдоцна до крајот на 2024 година.

Во документот што го објави Нова С, пишува дека изборите за Собранието на Град Белград и собранијата на сите општини, градови и општини во Србија треба да се одржат во ист ден, најрано шест месеци по влегувањето во сила на последниот донесен закон, а најдоцна до крајот на 2024 година.

„Народното собрание ќе донесе закони за изменување и дополнување на Законот за локални избори, Законот за избор на народни пратеници, Законот за единствен избирачки список, Законот за живеалиште и престој на граѓаните, Законот за финансирање на политичките активности, Закон за спречување на корупцијата и Закон за Уставен суд“, се наведува во предлогот.

Предвидено е властите на градот Белград, општините, градовите и градските општини кои ги извршуваа своите функции во времето на влегувањето во сила на овој Уставен закон, да продолжат да работат до денот на конституирањето на новите собранија.

притисни ентер