Фото: Култниот модел на преклопување се враќа во играта

На почетокот на годината Моторола најави дека би можела да го врати својот „РАЗР“ бренд, во вид на премиум паметен телефон со екран кој се преклопува вертикално.

Во февруари е потврдено дека навистина се работи на развој на овој модел, а сега е дефинитивно. Моторола прати покани за настан кој ќе се одржи на 13 ноември, по кои може да се претпостави дека ќе биде преставен новиот преклоплив телефон, пишува „The Verge“.

Иако ова не може да се тврди со сигурност, сепак се води натака.

Според неофицијалните информации  се работи за телефон со дијагонала од 6,2 инчи со Снепдрагон 710 чипсет, со 4 и 4 гигабајти РАМ и батерија од 2730 милиампер часови.

„РАЗР“ 2019 по истите тие информации ќе чини околу 1.500 долари.

притисни ентер