Рама: Тоа е судир меѓу големите, ние ги завршивме нашите задачи

По недобивањето на датумот за прегвори, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека тоа е судир меѓу големите и дека Тирана ги исполнила своите задачи.

На опозициското барање тој изјави дека не размислува за оставка.

„Имаме многу нешта да направме и немаме време за губење заради задоволство на оние кои немаат работа и не знаат да најдат работа за себе“.

Јован Митрески од Струга: Инвестициите во младите, се инвестиции во нашата иднина

Младите се движечка сила во ова општество. Јас јасно ги разбирам нивните проблеми и предизвици во сите области. До сега направивме напори да ги направиме младите приоритет во ова општество

Ко-носителот на листа во изборната единица пет - Јован Митрески оствари средба со младите во Струга и притоа ги презентираше мерките за поддршка на млади кои владата предводена од СДСМ ги презема во изминатиот период за поддршка и стимул на младинското вработување, младинскиот додаток и разввојот на претприемаштвото.

Младите се движечка сила во ова општество. Јас јасно ги разбирам нивните проблеми и предизвици во сите области. До сега направивме напори да ги направиме младите приоритет во ова општество

Од сега треба секој од Вас да го даде својот влог и младите да бидат тие кои ќе ги креираат политиките и на национално и на локално ниво.

Младите се приоритет на оваа влади и ќе останат да бидат.

Секој од Вас е важен во развојот на нашата земја затоа се гради држава во која младите ќе остануваат, ќе придонесуваат и ќе напредуваат.

На младите им се даде приоритет, место да се изразат, можност да бидат дел од креирањето политики и ова не застанува тука, рече Митрески.

Колев: Ги повикувам Заев, Мицковски и Ахмети да се откажат од пратеничките или премиерските плати и бенефиции

Во период од еден мандат тоа се милиони евра што ќе може да ги насочиме кон хуманитарни цели, да се помогнат ранливите категории, спортистите, па и средниот, малиот и семејниот бизнис. 

Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) ги повикува кандидатите на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ да го следат примерот на нашите кандидати и доброволно да се откажат од износот над 14.500 денари од пратеничките плати и сите останати финансиски поволности што ќе им следуваат на избраните функционери во Собранието во следните 4 години. Македонија се наоѓа пред огромна финансиска бездна како последица на разурнувачките ефекти врз економијата предизвикани од пандемијата на КОВИД 19, но и поради погрешните политики за државно менаџирање токму од овие големи партии во изминатите 30 години.

„Во период од еден мандат тоа се милиони евра што ќе може да ги насочиме кон хуманитарни цели, да се помогнат ранливите категории, спортистите, па и средниот, малиот и семејниот бизнис. Нашиот впечаток е дека токму т.н. “големи” партии, чии дејци остварија најмногу корист од уживањето во власта, треба и да бидат први што ќе ни се приклучат. Во овие партии има кандидати кои имаат успешни бизниси кои може да им обезбедат егзистенција во следните 4 години, и тоа се лица кои нема да зависат од пратеничката плата. Очекував и дека со личен пример веднаш по мене ќе се појават и Заев, Мицковски и Ахмети за да покажат дека растат како политичари, независно од тоа дали ќе се откажат од пратеничка или премиерска плата. Но, за жал, по мојата прес конференција следи молк“, изјави претседателот на Граѓанско Демократската Унија Петар Колев.

ГДУ смета дека за Македонија следат години во кои избраните функционери треба да демонстрираат штедливост и домаќинско однесување.

„Ако граѓаните ни ги плаќаат трошоците за изборните кампањи, не гледам причина зошто и ние да не им возвратиме. На Македонија и се потребни нов тип на политичари, индивидуалци кои се подготвени преку Собранието да помогнат македонската економија навистина да заздравее, а македонскиот Буџет да се врати во некоја понормална кондиција со цел да се намалат и кредитните позајмувања во следните години. Затоа сметаме дека секој оној кандидат што ќе се откаже од можностите за лично богатење преку Собранието заслужува да биде пратеник“, вели Колев.

ГДУ сака да потенцира дека иако парите што би ги заштедиле пратениците се само капка во морето, финансиските параметри покажуваат дека потребно е штедење на секое ниво. Македонија секоја година добива нов и повисок мегаломанскиот Буџет, а само за пример, од почетокот на пандемијата, и јавниот долг на Македонија го зголемија за 1,2 милијарди евра. Од нив ќе вратат стари долгови од 700 милиони евра, но, на крајот сепак ќе завршиме со јавен долг повисок за најмалку половина милијарда евра.

Заев кон Мицкоски: Ви подарувам државно знаме, знамиња на НАТО и ЕУ и програма на СДСМ за да си ја сакате државата, за да знаете што се остваривме

На синоќешното ТВ соочување на националниот сервис, претседателот на СДСМ Зоран Заев, на Христијан Мицкоски му подари знамиња на НАТО и ЕУ, како и програмата на СДСМ со негов потпис.

„Бидејќи ова е наше последно соочување, би сакал да остане запаметено. На Мицкоски му подарувам три подароци. Едно македонско знаме, да си ја сака татковината повеќе, и да остава простор за добра иднина на оваа наша татковина. Едно знаме од НАТО, успеавме да станеме членка на НАТО. И едно знаме на Европската унија, која е наша заедничка цел, на целиот народ. Имаме преговарачка рамка, ќе ја донесеме Европската унија, а ние ќе станеме нејзина полноправна членка. Му подарувам и Програма за да види што се можеме", рече Заев предавајќи му ги подароците на Мицкоски.

СДСМ

притисни ентер