Фото: Карлеуша во тесен бел фустан!!

Популарната пејачка Јелена Карлеуша која важи за една од најдобро облечените жени на јавната сцена покажа дека е кралица на стилот.

Атрактивната Џеј Кеј облекла фустан кој може секој да го купи , го платила 44 евра , но во него изгледа како „милион долари“.

Карлеуша вообичаено не штеди кога купува гардероба, но сега за да им покаже на девојките дека не е се во парите, Јелена за една специјална прилика вечера со колешката Милица Тодоровиќ се појавила во фустан кој скоро секој може да си го дозволи.

Сексапилната Карлеуша инаку редовно своите фанови на социјалните мрежи ги воодушевува со модерни и секси модни комбинации, во кои секако во преден план се нејзините раскошни облини.

Хаос во Барселона пред натпреварот во ЛШ: Полицијата се судри со навивачите на ПСЖ (ВИДЕО)

Жешка увертира беше видена во Барселона пред натпреварот меѓу Барса и Пари Сен Жермен, каде голем број навивачи од Франција дојдоа да го бодрат својот тим во реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Ултрашите на Пари Сен Жермен, кои се познати и како сериозни хулигани на европско ниво, влегле во конфликт со полицијата.

На видеата кои се појавија на Инстаграм и другите социјални мрежи, може да се види како полицијата и навивачите на ПСЖ се тепаат во областа во близина на стадионот.

Да потсетиме, на Олимпискиот стадион Монжуик играат Барселона и ПСЖ.

Во првиот меч Барселона победи со 3:2 на гостувањето кај ПСЖ и е сѐ поблиску до полуфиналето.

Затворен е аеродром во Британија- имало безбедносен инцидент во авион

Аеродромот во Бирмингем привремено ја прекина работата поради „безбедносен инцидент на авион“.

„Авионот безбедно слета и сите патници и членови на екипажот се симнаа“, изјави портпаролот на аеродромот во Бирмингем, пренесува Sky News.

„Сите патници кои планирале да патуваат треба да дојдат на аеродромот и да се пријават за нивниот лет како што е вообичаено.“

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж да не добие смртна казна

Соединетите Американски Држави денеска му дадоа гаранции на Високиот суд во Лондон што ги побараа во врска со случајот на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

Во пресудата од 26 март, судот побарал гаранции од САД дека Асанж ќе може да се повика на Првиот амандман и дека нема да се соочи со смртна казна по екстрадицијата.

„Оваа дипломатска нота не прави ништо за да го намали огромниот стрес на нашето семејство за неговата иднина, имено неговото очекување дека ќе го помине остатокот од својот живот во самица во американски затвор поради неговата наградувана новинарска работа“, рече сопругата на Асанж, Стела, објави Ројтерс.

Американскиот претседател Џо Бајден на 10 април изјави дека неговата администрација го „разгледува“ барањето на Австралија да се откаже од деценискиот притисок на САД за кривично гонење на Асанж поради објавувањето на доверливи американски документи.

Во врска со изјавата на Бајден, Стела Асанж оцени дека „изгледа дека работите би можеле да се движат во вистинска насока“.

Асанж (52) се соочува со кривично гонење во САД по 17 обвиненија за шпионажа откако објави стотици илјади доверливи американски документи пред речиси 15 години на неговата веб-страница Викиликс.

Поддржувачите на Асанж инсистираат дека тој е новинар кој ги разоткри воените злосторства на САД во Ирак и Авганистан, што беше во јавен интерес и дека тој е заштитен со Првиот амандман на американскиот Устав, кој ја гарантира слободата на говорот.

притисни ентер