Превозниците бараат дигитализација на граничните процедури

Поедноставни процедури и забрзување на протокот на стока на граничните премини, се дел од барањата на превозниците.

Проблемите со кои се соочуваат ги претставија на 36-тото генерално собрание на унијата на патни транспортни асоцијации од црноморскиот регион, „BSEC-URTA“.

На собранието присуствуваа владини претставници кои ги слушнаа поплаките и ветија помош...

Облачно, а попладне сончево со слаб ветер

Времето претпладне ќе биде со магла или ниска облачност по котлините, а попладне сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб, а во југоисточните делови повремено умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне 12 степени.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а претпладне со појава на магла по одделни котлини. Минимална температура ќе изнесува од минус пет до три степени, а максималната температура ќе биде во интервал од девет до 15 степени.

Во вторник ќе биде претежно облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, кон крајот на денот повремено засилен ветер од североисточен правец. Минимална температура ќе се движи од нула до седум степени, а максималната од седум до 12 степени. /МИА

Ќе се ревидира Законот за јазици, власта ќе го почитува мислењето на Венецијанската комисија

Власта ќе ги испочитува укажувањата на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците. 

Ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите кои работат, на прецизен начин како што тоа Венецијанската комисија го укажува и потоа ќе се прати во Парламентот за негово донесување.

Ова вчера го соопшти премиерот Зоран Заев во Прилеп, кој посочи дека намерата е да се испочитуваа Венецијанската комисија која, како што рече, е добар репер укажувајќи ни на сите законски решенија, пред се од областа на правото, но и во ова законско решение каде тоа можеме да нарушиме одредени други права и вредности и е многу прецизна во делот на правосудството.

Напомена дека СДСМ е авангардата на донесувањето на овој закон, заедно со коалицискиот партнер ДУИ и потсети дека поддршка дале и другите албански политички партии, но и другите партии од помалите етнички заедници зашто, како што рече, тоа е придобивка за сите. Заев посочи дека станува збор за Закон за употреба на јазиците, онака како што предвидува Уставот.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека Венецијанската комисија и нејзините ставови апсолутно се нешто што треба да е дел од законодавството во една држава од Европската Унија, особено ако е аспирант за членство во ЕУ и очекува по подолг период да добие можеби датум за почеток на преговорите.

– Овој извештај од Венецијанската комисија го потврди она што ВМРО-ДПМНЕ постојано го кажуваше, а тоа е дека вакво законско решение го оптоварува општеството, го оптоварува движењето на документи особено во судскиот дел и да биде уште појасно го потврдува она што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше дека ВМРО-ДПМНЕ е за употреба на јазиците, но тоа да биде согласно законските норми и она што треба да биде олеснување во комуникацијата низ институциите. Тоа што треба да се направи е да се испочитува ставот на Венецијанската комисија. Гледаме дека тоа предизвикува нетрпеливост внатре во владината коалиција, рече вчера на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања ќе одржи тематска прес-конференција за сесијата и заклучоците на Венецијанската комисија поврзани со Законот за употреба на јазиците.

Венецијанската комисија во мислење усвоено пред неколку дена ги повикува властите на Македонија да го преиспитаат Законот за употреба на јазиците преку консултации со сите засегнати страни. Според соопштението, издадено по состанокот во Венеција, правните експерти на Советот на Европа подвлекуваат дека во споредба со законодавството од 2008 година, новиот закон значително ја проширува употребата на албанскиот јазик и во многу аспекти ги надминува европските стандарди утврдени со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Венецијанската комисија ја поздравува подготвеноста на властите за подобрување на јазичната состојба на заедниците. Оценува дека во одредени области новиот закон може да оди премногу далеку со наметнување на јавните институции на нереални правни обврски, особено во врска со употребата на албанскиот јазик во судска постапка, придружено со тешки санкции во случај на непочитување и можност за промена на судските решенија, доколку има недостиг на превод и толкување во текот на постапката.

Според мислењето на Венецијанската комисија, овој пристап би можел значително да го забави функционирањето на целото правосудство, ризикувајќи сериозни нарушувања на правото на фер судење, загарантирано со Европската конвенција за човекови права.

Комисијата понатаму забележува дека законот за јазици не е прецизен кои одредби важат само за албанскиот, а кои, исто така и за другите јазици на заедниците./МИА

Убави зборови од Трамп за Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на Иран за „многу праведните преговори“ околу размената на затвореници меѓу двете земји во затегнати односи.

„Гледате дека заедно може да постигнеме договор“, напишал Трамп на Твитер.

Иран и САД денес разменија затвореници. Американец со кинеско потекло заробен на три година со обвинение за шпионажа за заробен Иранец.

притисни ентер