Лејди Гага падна среде концерт од бината (ВИДЕО)

На последниот настап во Лас Вегас , Лејди Гага падна од сцената , а за се е виновен еден од обожувателите.

Славната пејачка за среќа не е потешко повредена при падот од бината.

Поп-sвездата го покани фанот Џек на сцената за време на концертот, а кога пристигна, таа веднаш му скокна во рацете. И покрај тоа што е ниска и тежи не повеќе од 55 килограми, навивачот не можеше да ја задржи рамнотежата, па падна од сцената заедно со неа, пренесува BBC. И двајцата станаа на нозе многу брзо:

- Ние толку многу се сакаме што заедно паднавме од сцената. Паднавме во прегратка еден на друг. Ние сме како Џек и Роуз од филмот „Титаник“. Мислам дека треба да пиеме чај после ова “, рече Гага.

Фановите веднаш се загрижиле дека пејачката е повредена, но бидејќи чуварите и помогнале да стане, Лејди Гага ја разувери публиката:

- Во ред е! Единствено што не е во ред е дека ни требаа скали за да можеме да се искачиме назад на бината “, рече таа, а потоа почна да го смирува Џек, кој се расплака поради инцидентот:

- Не грижи се, добро е. Не е твоја вина. Можеш ли да ми ветиш нешто? Дали може да си простиш сега за она што се случи?

Гага го продолжи својот настап како ништо да не се случило.

притисни ентер