Ријана ги збудале фановите со прошетката низ двор во црн бикини (ВИДЕО)

Пејачката ѕвезда Ријана денеска објави видео со кое ги вжешти социјалните мрежи , каде се шета низ дворот во црно бикини како на модна писта.

Дури и кога е на одмор, пејачката од Барбадос и моден претприемач , Ријана (31) може да го сврти, барем на кратко, светот околу својот мал прст и тоа со една објава на Инстаграм, пишува „Дејли Меил“.

Денеска пејачката објави кратко видео со бавно движење на кое е прикажана во црно бикини додека се шета во двор на непозната локација како да е на модна писта. „Брзото движење“ на видеото, фактот дека е снимено од страна и самоуверениот став на Ријана ги истакнаа нејзините облини, кои, како и обично, ги фрлија нејзините фанови на Инстаграм во делириум.

Иако објавеното видео не е придружено со никаков опис, се претпоставува дека бикините кои ги носи се од колекцијата на нејзиниот моден бренд Фентис. Имено, Ријана на Инстаграм доста често ги рекламира сите модели со името Фентис.

Пејачката во последно време е доста зафатена. За време на модната недела во Њујорк, што се одржа минатиот месец, таа ги претстави новите модели од својата линија „Savage X Fenty“, при што целата претстава се пренесуваше преку стриминг на Amazon. По посетата на Лондон и Париз, Ријана оваа недела одржа промоција на својата автобиографска книга „Ријана од Ријана“ во Њујорк.

Покрај тоа, пејачката се појави и на насловната страница на американското издание на Вог.

Брима демантира дека воопшто не спровела анкета

Наводите дека Брима воопшто не спровела анкета не се точни. Уште еднаш објаснуваме дека Брима не ја објавила анкетата, а истата ја спровела во наведениот период.

Ова стои во денешната реакција на Брима, откако дел од медиумите објавија дека Брима Галуп воопшто не спровела никаква анкета во Македонија за предвремените парламентарни избори кои треба да се случат на 15 јули.

Во анкетата водство има СДСМ пред ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето „Доколку се одржат праламентарни избори денес, за која политичка партија или коалиција ќе гласате?", 18,7 проценти од граѓаните одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, поддршка од 15,1 процент би добила ВМРО-ДПМНЕ, за ДУИ би гласале 8,2 отсто од испитаниците, а Алијанса за Албанците би освоила 4,9 проценти од гласовите. Шестнаесет проценти од анектираните навеле дека нема да гласаат.

-Ве известуваме дека Брима четири пати годишно редовно спроведува Омнибус истражување повеќе години. Во рамките на ова истражување е и секцијата за социо–политички стандардизирани прашања во рамки на Политичкиот Барометар на Брима. Овие податоци кои се сопственост на Брима ги нудиме на потенцијални клиенти кои се заинтересирани за нив, се вели во реакцијата.

Истражувањето во јунскиот бран е спроведено од 5 до 14 јуни 2020 со телефонска анкета на национално репрезентативен примерок од 1174, испитаници на возраст над 18 години.

-Понудата ја прифати еден од клиентите со ексклузивно право на користење и објавување, се додава во реакцијата на Брима.

На прашањето во анкетата на Брима Галуп во кој политичар имаат најголема доверба 9,4 проценти од анкетираните го посочиле претседатело на СДСМ Зоран Заев, 4,2 отсто поддршка му дале на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по што следуваат Венко Филипче и Стево Пендаровски. Поддршка од 2,9 проценти има Зијадин Села, додека Али Ахмети според анкета ужива доверба од 2,8 отсто.

Извозот со пад од 27,4 отсто во првите пет месеци годинава

 Извозот на стоки од земјава од јануари до мај годинава бележи пад од 27,4 отсто во однос на тој период лани, а кај увозот е забележан пад од 22,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци вредноста на извозот во петте месеци изнесува 2.152.517 илјади американски долари, вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3.018.955 илјади американски долари. Трговскиот дефицит, во перидот јануари ‒ мај 2020 година, изнесува 866.438 илјади американски долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Фото: Луксуз на јапонски начин

Лексус ја освежи петата генерација од својата најлуксузна лимузина која на пазарот се натпреварува со модели како што се Мерцедес „S“ класа и БМВ Сеија 7.

Поминаа три децении откако првата генерација на луксузната лимузина „LS“ дебитираше на саемот во Детроит во 1989 година.

Актуелната пета генерација прв пат се појави во јавноста на истиот саем во 2017 година, а после три години, јапонскиот произведувач претстави рестилизирана верзија од својот најлуксузен автомобил.

Освен помалите стилски промени на надворешноста и во ентериерот на возилото, Лексус го унапредил и комфорот на возењето и ја подобрил звучната изолација на патничката кабина.

„LS“ за 2021 има рестилизирани фарови со поинакви ЛЕД дневни светла, како и преобликуван браник.

Промените во задниот дел на возилото се минимални, а еден од новитетите кај овој модел се новите 20 инчни алуминиумски бандажи за „F Sport“ верзијата.

Повеќе детали за Лексус „LS“ за 2021 ќе бидат познати наскоро, кога ќе ги дознаеме и податоците за моторизацијата. Овој модел би требало да се појави во продажба кон крајот на годината.

притисни ентер