Руте: Албанија не е можно да ги почне преговорите, а за Македонија се уште има малку простор

Холандскиот премиер Марк Руте пред денешниот состанок на лидерите на земјите – членки на ЕУ рече дека е за Македонија ,за разлика од Албанија , има малку простор за почеток на преговорите.

,,Нашата позиција за Албанија е јасно не. Ситуацијата со Македонија е многу подобра отколку кај Албанија. Таа има многу повеќе сработено, но има уште за работа. Мислам дека за Албанија не е можно да ги почне преговори, а за Македонија се уште има малку простор” , рече премиерот на Холандија , марк Руте пред почетокот на денешниот самит во Брисел.

Во Србија е прогласена вонредна состојба во 16 града и општини поради влошување на епидемиолошката состојба

Во Србија е прогласена вонредна состојба во 16 града и општини поради влошување на епидемиолошката состојба.

Вонредната состојбата, која подразбира преземање посебни мерки за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, е на сила во Белград, Богатиќ, Владичин Хан, Лучани, Нови Пазар, Тутин, Крагуевац, Врање, Ивањица, Шабац, Чачак, Краљево, Ариље, Пожега, Ужице и Прибој.

Во Србија во последните 24 часа се потврдени 289 нови случаи на коронавирус, во истиот период починале уште шест лица, на респираторни машини се приклучени 93 лица.

Вечерва во „Само вистина“ ќе гостуваат Мила Царовска и Тимчо Муцунски

Кој ќе го врати достоинството, а кој има „хоби“ да ветува?

Драги сограѓани, активисти, подржувачи и симпатизери, предизборната кампања на средина, реториката е се пожешка, „можеме“ или „обнова“, чија програма повеќе „допира“ до граѓаните да излезат на гласање среде пандемија, вечерва во Само Вистина гледајте го дуелот на носителот на пратеничка листа на прватата изборна единица од СДСМ Мила Царовска и кандидатот за пратеник во првата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцуски.

Кој ќе го врати достоинството, а кој има „хоби“ да ветува?

Кој ќе попушти пред барањето на ДУИ и заканата на Села за премиер Албанец, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ?

Царовска е „љубител“ на странски приватни фондови, а Муцунски и неговите ВМРО-ДПМНЕ ветуваат 25% зголемување на плати наредните 4 години. Има ли Македонија некој „скриен“ рудник на пари за ги реализираат фантастичните ветувања двете партии?

Или Минхаузен повторно ќе се превртува во гробот?

СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе остане во опозиција да си ја исправи „ставата“?

„Добивме 500-тини евра просечна плата“, се најавуваат и 600-тини, уште колку задолжувања може да „претрпи“ домашната каса?

Ќе ја добиеме ли на есен толку долгоочекуваната европска Влада, вечерва на најголемата политичка арена Само Вистина, Мила Царовска и Тимчо Муцунски, ексклузивн на Канал 5 Теевизија.

Владата попладне ќе одржи седница

 Владата на Република Македонија попладне во 15 часот ќе одржи седница.

Од владината прес-служба информираат дека седницата ќе се одржи преку видео-конференциска врска, а за заклучоците ќе биде информирана јавноста преку соопштение. бак/дма/

притисни ентер